На денешен ден – Отворен е првиот стационар

На денешен ден
Типографија

На 20 март 1928 година Д-р Драгутин Ѓорѓевиќ го отворил првиот болнички стационар во Кавадарци.

Првата болница се наоѓала на десната страна на река Луда Мара, веднаш до мостот. Во стационарот имало три соби со десетина кревети. Во неа биле сместувани болни од градот и селата од општина Кавадарци. Стационарот имал и болничар, а тоа бил Цандо Гурев, кој се смета за прв болничар во Кавадарци. Овој стационар работел до почетокот на Втората светска војна, кога д-р Ѓорѓевиќ бил принуден од страна на бугарските власти да го напушти градот.