На денешен ден роден е Миле В'чков

На денешен ден
Типографија

21 март 1922 година во Ваташа во трговско семејство е роден Миле Вчков.

Се образувал во Ваташа и Кавадарци каде завршил нижа гимназија а потоа работи како трговец во сопствениот дуќан во центарот на Кавадарци. Рано се вклучува во напредното младинско движење. Во мај 1943 година Миле е меѓу првите борци на партизанскиот одред “Добри Даскалов“. По борбата на одредот со бугарската војска кај село Бојанчиште, Миле бил ранет а потоа заробенен од бугарските војници а веднаш потоа и стрелан.