На денешен ден - убиен е Лазо Ридов-Асијата

На денешен ден
Типографија

НА  17 април 1911 година во Кавадарци беше убиен народниот јунак и револуционер од времето на илинденскиот и поилинденскиот период Лазо Ридов Асијата.

Роден е во Кавадарци во 1885 г. Во занаетчиско семејство. А уште од мали години го изучува занаетот на неговиот татко, самарџискиот. На само 17 годишна возраст се обидел да стане борец во четата на војводата Петар Јуруков, но би одбиен поради неговата младост. Во 1902 година Заедно со двајца другари извршуваат убиство врз еден катил Турчин, поради што се илегализираат и се вклучуваат во четата на Јуруков. Во 1904 година Лазо е веќе член на четата на војводата Добри Даскалов и учествува во многу борби, а во борбата во село Ресава во јули 1905 година бил тешко ранет по што бил приморан да се лекува извесно време. Бил многу храбар борец иако најмлад бил пример како треба да се бори за слободата на својата земја. За време на Младотурската револуција , а особено по контрареволуцијата на султанот Хамид предводи една чета кавадарчани и помага за задушување на контрареволуционерите. Лазо Асијата важи за голем заштитник на незаштитеното население од турските зулумќари и насилници. Лазо Ридов Асијата несреќно загина од раката на својот најдобар другар на веридбата на нивниот другар Мишо Шкартов на 17 април 1911 година.