На денешен ден-Реонска конференција во село Бегниште

На денешен ден
Типографија
Oд 28 до 30 мај во селото Бегниште се одржала реонска конференција, на која присуствувале 60 претставници на скоро сите села од Тиквешијата. Оваа конференција добива карактер на конгрес на кој била донесена одлука за кревање на Тиквешкото востание.

Тиквешкото востание било објавено на 12 јуни 1913 година во Ваташа,каде се одржало големо собрание,на кое била донесена одлука за борба против српската окупаторска власт. Востанието почнало со сигнални огнови по селата,такви огнови се вивнале во Мрежичко и во Рожден,најавувајки ја претстојната борба за слобода на македомскиот народ.
Првата вооружена акција на востаниците била на 19 јуни кога имало дејствија во некои црноречки села.Востанието било крунисано со 7 дневна слобода на Кавадарци и на селата од десната страна на Вардар од Демир Капија до Рожден.
Слободните денови биле прославени со веселба на сите и со собирање помош за востаниците. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.