На денешен ден во Тиквешијата :Почина војводата Мишо Шкартов

На денешен ден
Типографија

25 јуни 1936 година во 52 година од животот во Софија почина македонскиот револуционер и војвода од времето на илинденскиот и поилинденскиот период , Мишо Шкартов.

 

Роден е во Кавадарци во 1884 година во занаетчиско семејство. Завршил основно училиште во Кавадарци а егзархиска гимназија во Солун. Во Кавадарци формирал младински револуционерен кружок во 1902 година. Истата таа година заедно со Лазо Асијата , Ване Стефанов и Илија Боцев извршиле убиство врз еден катил Турчин по што биле приморани да се одметнат во четата на војводата Петар Јуруков. Во 1904 бил борец во четата на војводата Добри Даскалов, а во 1905 г. бил секретар во четата на Јане Сандански. Во 1913 г. учествува и е еден од организаторите на Тиквешкото востание. По формирањето на ВМРО(обединета) 1925 г. е еден од нејзините најактивни членови и член на нејзиниот Централен комитет.