Портпаролот Вуко Мелов ги покани граѓаните на граѓанска трибина со претседателот на партијата и премиер на Владата на РМ-Зоран Заев  на отворена трибина на Градскиот плоштад утре - сабота во 20 часот

„Почитувани сограѓани

Македонија чекори напред.

Го трасираме патот кон стабилна, сигурна и европска иднина, за нас и нашите семејства.

Стануваме рамноправен член на НАТО и ЕУ.

За таа цел ги покануваме граѓаните на општина Кавадарци во сабота на 15.09, со почеток од 20:00 на Плоштадот во Кавадарци, на граѓанска трибина со премиерот Зоран Заев.

Да разговараме за сите предности и отворени прашања со кои сме соочени пред историскиот референдум.

Да ги разјаснеме заедно сите дилеми и нејаснотии поврзани со овој историски процес.

Повелете на трибина да ги слушнете сите аргументи.

Да слушнете зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашата земја.

Граѓаните мора да бидат целосно и правилно информирани за да може да ја донесат вистинската одлука.

На 30-ти септември заедно да избереме Европска Македонија.„- се вели во денешното обраќање на потпаролот Вуко Каров-по повод граѓанската трибина на претсдетелот на СДСМ и премиер на Владата Зоран Заев.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА