На денешен ден - Роден е Славчо Темков

На денешен ден
Типографија

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 28 ноември 1911 година во Кавадарци е роден Славчо Темков еден од сновоположниците и двигателите на културното и спортското живеење во Кавадарци во периодот помеѓу двете светски војни.

Уште како ученик во гимназијата во 1928 година ја поставил пиесата “Кољо и Невенка“ која доживеала голем успех и била изведена неколку пати во кафаната “Југославија“. Во 1928г. по негова иницијатива е формирано културно-просветното и спортско друштво “Братство“, а истата година е иницијатор на формирање на фудбалскиот клуб “Победа“, во кој е секретар. Тој ги поставува и пиесите: “Зла жена“ “,Цар Киро“, “Кнезови од Сендерија“ и др. Во 1938 г. ја поставува пиесата “Сугата Јернеј и неговото право“ со Димката Ангелов и Милан Даскалов во главни улоги. Во текот на НОВ се вклучува во Првата македонска дивизија се до 1545 година. По војната доверено му е да го обнови и да раководи со театарот во Кавадарц, а работи како референт за народно описменување на населението во кавадаречко по војната. Тој е татко на познатата македонска сликарка Ана Темкова. Почина во Скопје на 1 мај 1995 година.

П.Камчевски