Maxima edu-Центарот за изучување на странски јазици, надвор од своите професионални обврски, како Школа за странски јазици, последниве години се наметнува кај нас со својот препознатлив стил и начин на работа, кој е близок до сите категории на посетители, особено кај децата.

Последните две години Maxima edu низ игра и забава станува препознатлив кај своите ученици и кај  останатите. Низ заедничко дружење им ги приближува на младите па така изучувањето на странките јазици го прави поедноставно и поблиско до нив.

Така ке биде и годинава, а проектот е наречен „Новогодишна порака“ чија идеја е да се направи новогодишна забава за 350 деца, на која децата ке пеат, ке се смеат, и ке имаат средба со Дедо мраз а ке добиваат подароци.

Да поедноставиме.

Целата забава ја обедбедуваат;Центарот за странски јазици- MAXIMA EDU, Драмското студио „Реплика прва„ и дирекцијата на Детскиот фестивал „Гроздоберче„-Кавадарци.

Сите посетители во салата на Домот на културата на 26 декември во 18.30 часот ке добијат новогодишно пакетче од Дедо мраз. На забавата ке настапат   вокалистите и изведувачите на детски песни на Фестивалот „Гоздоберче 2018-та“ каде Маxima edu беа главни подржувачи.Ке бидат изведени скечеви од „Реплика прва„ и исполнети сите песни од „Гроздоберче 2018„.Проектот го работат професионалци.

На ова предновогодишна забава ке биде промовирана и песничката „Катче за магија„ во која Maxima edu, ке не запознае со нејзината работа како Центар за странски јазици и можностите што се нудат за едукација на посетителите-посебно децата.

Инаку Maxima edu, малку е познато,посветува внимание на учениците во основните училишта од социјални загрозени семејства кои немаат можност да ги платат изучување на странските јазици.Имено веќе три години тие за 30-сетина деца од социјало загрозени семејства и деца без родители нудат бесплатно образование за странски јазици скоро цела година.На најдобрите им овозможуваат бесплатно продолжување со наставата за повисок степен .Сето ова се прави со знаење на родителите и директорите на училиштатта каде децата посетуваат основно образование.

Годишно странски јазици  во Maxima edu изучуваат окоу 550 посетители.

Затоа е добро да се се потсети дека Ценарот Maxima edu е на страната на оние кои знаат дека знаењето е најголемо богатство.

 

0005555555.jpg

 

00000007777777777777777777.jpg

09988800011222333.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА