На денешен ден-Излезе од печат „Кавадаречки весник-7-ми Септември“

На денешен ден
Типографија

На 16 јануари 1981 г. излезе првиот број на општинското гласило “Кавадаречки весник“, орган на ССРНМ за Кавадарци.

Главен и одговорен уредник на весникот беше Фруска Костадиновска, а редакцискиот колегиум го сочинуваа: Љубица Кимова, Маријана Пешиќ, Марјан Димитров, Пауна Камчева, Лилјана Илиева, Љупчо Лазов и Љупчо Каров. Вeсникот излегува два пати во месецот во тираж од 5.000 примероци. Во него се објавуваат прилози од областа на политиката, стопанскиот, културниот живот, образованието, спортот итн. Поради финансиски тешкотии весникот престана да излегува на 13 јули 1992 гoдина , кога излезе неговиот последен 306 број.

П.Камчевски