Петре Сотиров од село Ресава , инаку познат производител на тикви, често можеме да го сретнеме на Градскиот зелен пазар во Кавадарци.Сега на почетокот на октомври од својата бавча откина нова сорта тикви.
Воодушевен од новата сорта на тикви која ја одгледал, ни рече да направиме фотографија бидејќи и за него таа е новина.  Особено е интересен е обликот.Едноставно, природата сама си направила место каде за се засече и да се подготви за печење.

IMG_20151009_102406.jpg
Инаку тиквите во Тиквешијата годинава добро родија.Впорчем одличен е родот за речиси сите земјоделски култури, па и на овој потценет но мошне корисен зеленчук кој за некој претставува овошје, што на крајот на краиштатата и не е битно каде е класифициран.Битно е што според хранливите својства е во рангот со егзотичната банана.

м.д.