Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран-2018г одина“ во сабота на 15-ти септември Неготино ќе биде домаќин на едукативен семинар и јавен час за етнокореолозите од Република Македонија со присуство на околу 100 учесници.

Во среда на 22.08.2018 година во 20.00 часот во ИЗЛОЖБЕНИОТ САЛОН НА ОУ МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО се организира изложба на стари фотографии поставени на лед дисплеј екрани кои ги отсликуваат луксузните кружни патувања на Лојдовите парабродови “Кралица Марија“ и “Принцес Олга“, со претставување на ентериерите на бродовите, пристаништата и градовите каде што пристигале овие параброди на кружните патувања на релација Сплит-Грција-Палестина-Египет-Сплит! Се работи за изложба која заслужува внимание да се посети и види.

Во сообраќајна незгода во Неготино во двор на здравствена ординација повредено е 11 годишно дете,со тешки телесни повреди по укажаната лекарска помош во кавадаречката болница,момчето е пренесено во Скопје,информира портпаролот на СВР Велес,Верољуб Додевски.

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со своите соработници денеска на терен го следеше започнувањето на градежните активности за санација на главната улица „Маршал Тито“ во должина од 800 метри.

Во рамките на спроведувањето на општите мерки за заштита на населението од заразни болести согласно годишната програма и оперативниот план за ДДД за оваа година, општина Неготино во координација со надлежните институции и служби по втор пат реализираше акција за прскање против комарци. Притоа, извршено е прскање на територијата на град Неготино, повеќе села во нашата општина, а беа опфатени и локации по течението на реката Вардар. Адултната дезинсекција со машинско прскање ја изврши Зотокс од Скопје, а средствата за активноста се обезбедени од буџетот на општина Неготино.

извор: www.negotino.gov.mk


Оваа изложба започнува да се презентира пред пошироката јавност од 2011 година почнувајќи од Дубровник, Пула на Истра, Славонски Брод, Ријека, Сплит, Битола и сега во Неготино.

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, објавен е јавен оглас за пријавување на евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата општинско - корисна работа.

Повеќе артикли...

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 16 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:18 am   |   Sunset: 6:32 pm
81%     11.3 km/h     33.254 bar
Forecast
ЧетLow: 12 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 12 °CHigh: 31 °C
СабLow: 13 °CHigh: 32 °C
НедLow: 16 °CHigh: 25 °C
ПонLow: 15 °CHigh: 28 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 24 °C
СреLow: 8 °CHigh: 17 °C
ЧетLow: 6 °CHigh: 16 °C
ПетLow: 7 °CHigh: 21 °C
СабLow: 7 °CHigh: 19 °C