- Инспекторите да престанат со малтретирање на лозарите и со манипулациите со примената на измените на законот за вино. Побарав Владата веднаш да донесе интервентни мерки за откуп на вишокот заради стабилизација на пазарот. Побарав државата да биде гарант на откупот, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на посетата на Неготино.

- И добро е што нашиот притисок над Владата почнува да дава резултат. Но мерката за помош на винарските визби односно откупувачите, која се однесува само на ограничено количество откупено грозје и тоа само од сортата вранец, не значи ништо за лозарите. Нема никаква директна поддршка во цената што треба да ја добијат, а да не зборуваме за исплата на штетата што лозарите ја претрпеа од несобраното грозје коешто досега остана да калира- рече Николовски.

- Да биде трагедијата поголема, огромен број лозари немаат добиено пари ни за предаденото грозје од минатата година.Нам ни се потребни системски, а не ад-хок решенија, затоа што Министерството мора да ги има сите анализи и инфорамции за производството на лозарите, залихите на визбите и потребите на пазарот.Нема да дозволиме оваа мерка на Владата да биде само инструмент за остварување на лични интереси на поединци од власта вклучени во овој бизнис и за уцени и притисоци над лозарите пред избори - рече Николовски.

 

На оваа изјава на Николовски, реагираше Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство:

 

- Проблемите со откупот на македонското грозје од реколта 2016 се практично решени и дека нема потреба од интервентен откуп, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во реакцијата на изјавата на дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски.

- Потврда за тоа се изјавите на претставниците на винарските визби, кои на состанокот пред два дена рекоа дека состојбата ќе се стабилизира со новата мерка на Владата која предвидува субвенции од три денари по килограм „вранец“ за сите винарии кои ќе откупат винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“.

- Со оваа мерка се стимулира откупот на винското грозје во ситуација кога, како што кажаа винариите, на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји, се вели во реакцијата.

Притоа се додава дека во времето на СДСМ, иако грозјето не било платено, не бил воведен интервентен откуп. – Очигледно СДСМ само кога е во опозиција глуми загриженост за земјоделците и ветува мерки кои реално не се остварливи, велат од МЗШВ.

Се градат три улици, инфраструктурно се уредува урбаната индустриска зона осум во Неготино, каде фунционираат неколку стопански субјекти. Станува збор за потегот од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци, каде се лоцирани и функционираат повеќе објекти од стопанството.

Ќе се обновува делницата Неготино – Демир Капија, што е најоштетен дел од автопатот „Александар Велики“.

Реконструкцијата на 16 километри од патот во двете насоки ќе трае една година. Се чека утврдување на времениот режим на сообраќај за старт на градежните работи.

Во исто време, активно се работи и на изградба на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, така да некаде за отприлика една година ќе имаме модерен автопат на Коридорот 10.

 

Макеоднската жива легенда на убавата шансона,пејачот кој ги буди емоциите на публиката,особено понежната,човекот кој со позититивна енергија докажа дека „кој пее зло не мисли„- македонскиот „Том Џонс“ -Ѓоко Ѓорчев  утре во салата Младост во Неготино ке посвети концерт на своите македонци.

Имено Ѓорчев и неговите пријатели од македонската страдата ќе одржат голем хуманитарен концерт а целиот приход од продадените билети, чија цена изнесува симболични-100 денари, е наменет за помош на поплавените граѓани во Скопје и околината.

Тој вели дека секаква  помош е добредојдена во вакви моменти и решил со неговите колеги  да даде свој придонес да се подобри животот во поплавените подрачја во Скопје и да се санираат штетите, макар и со скромен придонес.

 Концертот ќе се одржи утре четврток на 29 септември со почеток во 20.30 часот, со поддршка на општината Неготино под наслов „Ѓоко и пријателите за Скопје“.Спортскиот Центар „Младост“ ,се надева Ѓорчев ќе се наполни и дека над илјада луѓе ќе бидат дел од оваа хуманитарна мисија - вели Ѓоко Ѓорчев. На хуманитарниот концерт ке  настапат Мики Јовановски-Џафер, Џина Папас-Џокси, Александра Јанева, Александар Белов и младите пејачи Мартинијан Кириловски и Лена. 

Повеќе артикли...

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 8 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
78%     6.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 10 °C
Саб Low: 5 °C High: 13 °C
Нед Low: 2 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 3 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 1 °C
Пет Low: -3 °C High: 3 °C
Саб Low: -2 °C High: 5 °C
Нед Low: -2 °C High: 3 °C