Неготино:Одбележан општинскиот празник

Неготино
Типографија

 

Со тридневна програма и со спроведување на бројни настани и активности Општина Неготино на пригоден начин го прослави празникот на општината 8-ми Ноември.

 

 Со тридневна програма и со спроведување на бројни настани и активности општина Неготино и оваа година на пригоден начин го прослави празникот на општината 8-ми Ноември. По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет приреди прием за претставниците на делегациите кои се присутни во нашиот град и заедно со граѓаните на Неготино го чествуваат празникот, а веднаш потоа на спомен-бистите на паднатите броци во НОБ делегациите положија свежо свеќе. Централниот настан во рамките на одбележувањето на празникот-свечената седница на Советот на општина Неготино која ја отвори претседателот Јордан Паунов се одржа во преполнетата сала на Центарот за култура во нашиот град, на која пак за реализираните активности во изминатиот едногодишен период помеѓу двата празника и проектите кои се во тек или се планирани да се спроведат пригодно обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Во рамките на свечената седница беа доделени признанијата и наградата по повод 8-ми Ноември, а седницата заврши со културно уметничка програма.

3.jpg

 

1111-ѕт22.jpg


Во традиционалниот турнир во табла победник е Драган Доневски единствениот таблаџија на кој по вторпат му појде од рака да го освои овој масовен турнир. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 7.000 денари, додека поразениот во финалето и вицешампион на турнирот Филип Давидовиќ доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Зоран Недев кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 3.000 денари.

tabla-11.jpg

Покрај наградите за најдобрите тројца учесници, беа доделени и благодарници за учество турнирот на најстарите двајца учесници.
извор:www.negotino.gov.mk

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Fair (day), 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:20 am   |   Sunset: 6:28 pm
23%     6.4 km/h     33.119 bar
Forecast
СабLow: 10 °CHigh: 32 °C
НедLow: 14 °CHigh: 32 °C
ПонLow: 12 °CHigh: 35 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 7 °CHigh: 22 °C
ПетLow: 6 °CHigh: 24 °C
СабLow: 9 °CHigh: 25 °C
НедLow: 8 °CHigh: 20 °C
ПонLow: 6 °CHigh: 22 °C