Неготино:Tриметарски мозаик со ликот на Александар Македонски

Неготино
Типографија

 Денеска мозаикот започна да се изработува на еден од ѕидовите на Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" во Неготино.

Настанот е во рамките на Фестивалот "Манастирски фолклорни средби", кој го организира оваа културна институција. Овој проект, во соработка со Центарот, го реализира турскиот уметник М.Рафет Озалп.
-Мозаикот се изработува од разнобојни ситни корејски каменчиња и ќе се гледа од самиот плоштад, со што ќе се придонесе за разубавување на централното градско подрачје.Уметничкиот перформанс ќе трае неколку дена. Дел од спектаклот можат да бидат сите заинтересирани, рече Мирјана Јованова, директорка на Центарот.
Значајноста на личноста и делото на големиот војсководец, долгогодишната соработка со неготинската културна институција и македонските корени на дел од турските организатори и уметници, биле пресудни грандиозното дело да се реализира во градот на виното, нагласи Кенан Балкан од Турција, еден од учесниците во овој проект.
-Станува збор за многу значајна личност од историјата. Истакнат воин и војсководец кој според нашите сфаќања, имал идеја да ги обедини народите од истокот и западот заедно со нивните традиции и култури, Во Турција има многу остатоци кои сведочат за неговото постоење. Решивме тоа да се направи во Неготино бидејќи наидовме на разбирање, одобрување и поддршка за овој проект од страна на Јованова со која соработуваме на повеќе проекти во изминатите години. Но има и друга поврзаност, а тоа е дека моите родители имаат македонски корени и потекнуваат од село Корешница, додаде Балкан, пензиониран професор по историја кој сака да добие македонски пасош и да живее во Македонија.
Во изработката на мозаикот помагаат основци и средношколци од Неготино.
За време на фестивалските денови, ќе биде отворена и изложба на тројца уметници од Турција. Освен делата на авторот на мозаикот, присутните ќе можат да уживаат и во изработките на Ајхан Искендероглу кој е уметник за мермер и Енгин Бирсој, уметник за дрво. Ајхан е по потекло од Македонија, а на Енгин татко му исто така е со македонско потекло

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 8 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
78%     6.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 10 °C
Саб Low: 5 °C High: 13 °C
Нед Low: 2 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 3 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 1 °C
Пет Low: -3 °C High: 3 °C
Саб Low: -2 °C High: 5 °C
Нед Low: -2 °C High: 3 °C