Пуштена во работа Фонтаната во Неготино

Неготино
Типографија

За нејзината работа се трошат само 5 м3 вода месечно

Според податотите  од  ФБ профилот на градоначалникот на Неготино  Ванчо Апостолов, новата фонтана во Неготино е изградена со средства од Буџетот на општина Неготино. Веќе неколку денови  таа е  во функција на задоволство на граѓаните-посетители на централното градско подрачје кои во текот на целиот ден, а посебно во вечерните часови, застануваат и со интерес го следат работењето на новоизградената фонтана.

 

111111111111111111111.jpg.jpg

Фонтаната е изградена според сите пропишани стандарди, за непречено нејзино функционирање вградени се сите неопходни елементи, а она што истата ја прави посебно атрактивната се поставените светлосни уреди.

                  -„Би сакал да ја информирам пошироката јавност дека потрошувачката на вода за работењето на фонтаната е минимална и изнесува само 5 метри кубни во текот на еден  месец, а како што тоа го правевме и во изминатиот четирогодишен период кога е во прашање реализирањето на проекти за подобрување на водоснабдувањето, со иста посветеност и динамика продолжуваме и во иднина, со единствена цел граѓаните на општина Неготино да ги почуствуваат благодетите во делот на водоснабдувањето од сите реализирани проекти“ наведува градоначалникот на Неготино Апостолов на својот ФБ профил.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 23 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:15 am   |   Sunset: 8:1 pm
50%     11.3 km/h     32.882 bar
Forecast
ЧетLow: 19 °CHigh: 26 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 31 °C
СабLow: 17 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 37 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 33 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 28 °C
СреLow: 17 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 30 °C
СабLow: 19 °CHigh: 31 °C