Во Општина Неготино се санираат ударните дупки

Неготино
Типографија

Според градоначалникот Тони Делков, приоритет имаат  предлозите на граѓаните и сознанијата од терен

Ова комунална активност  се прави  зради фактот дека патната инфраструктура е во лоша состојба и е потребна итна интервенција во пресрет на доаѓањето на зимскиот период. Градоначалникот информираше дека санирањето на ударните дупки започна со активности на главната улица во градот „Маршал Тито“ која впрочем е и најфреквентна за сообраќај, а ќе се продолжи со санирање на дупките и на останатите улици  каде што има потреба од интервенција, а се со цел за создавање услови за нормално одвивање на сообраќајот и овозможување поголема безбедност и за возачите и пешаците .

Предвидено е работници на фирмата-изведувач „Изолација“ да постават 30 тони асфалт, за што општината од Буџетот ќе издвои средства во висина од 600.000 денари. Градоначалникот Делков изјави дека во тек е изготвувањето на Програмата за работа и Буџетот на општина Неготино за 2018-та година и во истите се предвидува веќе напролет да се започне со комплетна реконструкција и санација на повеќе улици во градот кај кои се регистрирани најголеми оштетувања.

 

Извор www.negotono.gov.mk

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Partly Cloudy (day), 19 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:50 am   |   Sunset: 5:43 pm
46%     30.6 km/h     33.220 bar
Forecast
СабLow: 11 °CHigh: 20 °C
НедLow: 8 °CHigh: 20 °C
ПонLow: 8 °CHigh: 16 °C
ВтоLow: 9 °CHigh: 16 °C
СреLow: 6 °CHigh: 18 °C
ЧетLow: 5 °CHigh: 12 °C
ПетLow: 3 °CHigh: 16 °C
СабLow: 3 °CHigh: 19 °C
НедLow: 6 °CHigh: 18 °C
ПонLow: 6 °CHigh: 17 °C