„Симекс груп“ планира во Неготино да отвори погон

Неготино
Типографија

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на нивно барање, прими и се задржа во краток разговор со претставници на фирмата „Симекс груп“ од Бурса-Република Турција

на средбата   гостите ги презентираа своите намери да инвестираат во отворање производствен погон на подрачјето на општина Неготино во кој на почетокот вработување би нашле 10-тина невработени граѓани од неготинска општина. Имено, „Симекс груп“ планира во Неготино да отвори погон во кој ќе се произведува опрема за пчеларство за што веќе ги имаат обезбедено и потребните машини за старт на производството. Градоначалникот Делков истакна дека секое едно ново вработување ќе претставува бенефит за едно семејство од нашата општина и негова и интенција на општина е да се создадат што е можно повеќе и подобри услови и други компании да покажат интерес за инвестирање во општина Неготино, отворање нови работни места и намалување на бројот на невработени. Првиот човек на општината Делков ги запозна потенцијалните инвеститори со одличната местоположба на нашиот град, како и со фактот дека општината располага со веќе подготвени градежни парцели за продажба во Индустриските зони,а гостите од Турција покажаа интерес за купување на една од споменатите градежни парцели.

Извор  www.negotino.gov.mk

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 24 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:45 am   |   Sunset: 5:49 pm
31%     6.4 km/h     33.254 bar
Forecast
ВтоLow: 7 °CHigh: 24 °C
СреLow: 9 °CHigh: 25 °C
ЧетLow: 8 °CHigh: 25 °C
ПетLow: 10 °CHigh: 25 °C
СабLow: 12 °CHigh: 23 °C
НедLow: 11 °CHigh: 21 °C
ПонLow: 8 °CHigh: 17 °C
ВтоLow: 7 °CHigh: 16 °C
СреLow: 6 °CHigh: 16 °C
ЧетLow: 6 °CHigh: 17 °C