За здравјето и безбедноста на жителите на Неготино

Неготино
Типографија

Посета на градоначалникот Тони Делков на неколку институции

На неколку часа пред дочекот на Новата година, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ги посети и се задржа во краток разговор со вработените во установите кои за време на дочекот беа на своите работни места водејќи грижа за безбедноста и здравјето на граѓаните од неготинска општина.

Вработените во Полициската станица, Пожарната и Итната помош при Здравствениот дом го запознаа градоначалникот дека во функција се ставени сите расположливи ресурси со цел да се одговори на потребите на нивните работни обврски. Градоначалникот Делков им посака да имаат што е можно помалку работа за време на празниците, а на сите дежурни им врачи пригодни подароци притоа честитајќи им ја Новата 2018 година.

 

Извор : negotino.gov.mk

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 17 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:39 am   |   Sunset: 7:22 pm
46%     17.7 km/h     33.085 bar
Forecast
ПонLow: 8 °CHigh: 28 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 29 °C
СреLow: 12 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 12 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 10 °CHigh: 30 °C
СабLow: 15 °CHigh: 28 °C
НедLow: 15 °CHigh: 30 °C
ПонLow: 14 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 30 °C
СреLow: 15 °CHigh: 27 °C