Неготино:„Недела на виното - Св Трифун 2018“

Неготино
Типографија

Општина Неготино организира избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Тоа е дел од Манифестацијата: „Недела на виното-Свети Трифун 2018“. 


Право на учество имаат сите индивидуални производители со информација за нив дека потребните мостри од предходно споменатите пијалаци ќе можат да ги доставуваати до 9 февруари. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од 5 членови од Здружението на енолози, а наградите и признанијата за најуспешните производители на вина и ракии ќе им бидат врачени за време одржувањето на централниот настан на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино.
Новина е тоа што по завршувањето на дегустацијата и оценувањето на мострите, ќе биде организиран советодавен настан. Тогаш членовите на комисијата пред производителите кои доставиле мостри од вина и ракија, како и останати заинтересирани граѓани кои ги произведуваат овие пијалаци и ќе изразат желба да присуствуваат на истиот, јавно ќе ги презентираат оценките, забелешките и сугестиите, со единствена цел, самите производители да се стекнат со нови знаења кои ќе им помогнат да прават уште поквалитетни вина и ракии.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 4 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:22 am   |   Sunset: 4:11 pm
74%     4.8 km/h     33.390 bar
Forecast
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 1 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 6 °C
Пон Low: 1 °C High: 7 °C
Вто Low: 1 °C High: 10 °C
Сре Low: 0 °C High: 12 °C
Чет Low: 1 °C High: 11 °C
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 0 °C High: 13 °C
Нед Low: 3 °C High: 11 °C