Неготино/Делков најавува инвестициони вложувања

Неготино
Типографија

Стабилна финансиска состојба на општината е оснoвата за нејзино нормално функционирање.

Се сретнавме со огромни долгови и со едно домаќинксо работење, за само сто дена успеавме да вратиме една третина од долгот кој го затекнавме од претходната локална власт. За мала општина долг од околу три ипол милиони евра од претходното раководство е навистина премногу,смета градоначалникот Тони Делков.

9988765534toni09990.jpg

За Делков,тоа е огромна сума затоа што досега општината имала приход од милион евра годишно, од кои шеесетина проценти се трошеле на плати а со оглед на финансиската кондиција премногу биле и вработените во локалната самоуправа.

Првиот човек на градот информираше дека вратиле и една рата од долгот од 50 илјади евра на име кредит за водоснабдување кој пристигнал за наплата а ЈП Комуналец добило два милиони денари за навремено здравствено осигурување на вработените.

И покрај тоа што сеуште има долгови за наплата, Делков за наредниот период најави подобрување на уличното осветлување, нови прозорци во гимназијата и општинската зграда, реконструкција на Спомен костурницата во градот, подобрување на мрежата за водоснабдување а и решавање на долгогодишниот проблем со немањето доволно паркинг места во градот.

B.Н.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 15 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
75%     6.4 km/h     33.119 bar
Forecast
ПонLow: 14 °CHigh: 23 °C
ВтоLow: 14 °CHigh: 20 °C
СреLow: 14 °CHigh: 21 °C
ЧетLow: 13 °CHigh: 22 °C
ПетLow: 13 °CHigh: 26 °C
СабLow: 13 °CHigh: 27 °C
НедLow: 16 °CHigh: 26 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 27 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 29 °C
СреLow: 17 °CHigh: 29 °C