Неготино / Реконструкција на тротоари

Неготино
Типографија

Согласно годишната програма за комунални работи и сообраќај на општина Неготино започнаа градежни работи за реконструкција на тротоари на повеќе локации во градот.

Во моментов на терен се работи на реконструкција на тротоарот од  левата страна  на ул„ Борис Кидрич“ од спојот со ул„Маршал Тито“ до спојот со ул„ЈНА“ во должина од 150 метри или како што информираат стручните служби опфатена е површина од 230 м2. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабници, по што ќе се пристапи кон поставување на бекатон коцки и нови бетонски рабници, со што по завршувањето на работите овој тротоар ќе добие сосема нов и модерен лик. Градоначалникот Делков додава дека следна локација на која ќе се работи ќе биде потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул„Партизанска“, поточно од спојот на истата со ул„Цандо Кожинков“ се до спојот со ул „4 Јули“ каде што ќе се гради комплетно нов троатоа во должина од 150 метри. Средствата за изведување на работите се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

www.negotino.gov.mk

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 7 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:19 am   |   Sunset: 4:14 pm
77%     1.6 km/h     33.491 bar
Forecast
Вто Low: 3 °C High: 19 °C
Сре Low: 2 °C High: 16 °C
Чет Low: 4 °C High: 13 °C
Пет Low: 0 °C High: 11 °C
Саб Low: 0 °C High: 10 °C
Нед Low: -1 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 8 °C
Вто Low: 1 °C High: 8 °C
Сре Low: 1 °C High: 10 °C
Чет Low: 0 °C High: 11 °C