ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА СЕЛО КУРИЈА

Неготино
Типографија

На голема површина од околу 30 хектари горат трева  и  меѓи

 

 

Пожарот кај „Гоцевата шума“ кај Неготино избувна вчера попладне по 16 часот

 

 

 

Според зборовите на Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино, огнот зафатил трева, меѓи, лозови насади, но и дел од шумата.

„Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од силниот ветер. Сега е најважно тој да биде целосно изгаснат“, рече Илиев.

Во гаснењето на пожарот до 1 часот по полноќ учествувале осум пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од компанијата „Кожувчанка“.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 7 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:19 am   |   Sunset: 4:14 pm
76%     1.6 km/h     33.491 bar
Forecast
Вто Low: 3 °C High: 19 °C
Сре Low: 2 °C High: 16 °C
Чет Low: 4 °C High: 13 °C
Пет Low: 0 °C High: 11 °C
Саб Low: 0 °C High: 10 °C
Нед Low: -1 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 8 °C
Вто Low: 1 °C High: 8 °C
Сре Low: 1 °C High: 10 °C
Чет Low: 0 °C High: 11 °C