ЃОКО ЃОРЧЕВ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ ПЕЕАТ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПСКО

Неготино
Типографија

ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ НА ЃОКО ЃОРЧЕВ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ КЕ СЕ ОДРЖИ КОН КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ

              Познатиот интерпретатор на забавна музика-нашиот „Том Џонс“ –Ѓоко Ѓорчев, кон крајот на овој месец ке одржи целовечерен концерт во неговото родно Неготино.
             Тој се вклучува во големата акција на сите хумани луге да им помогне на настраданите во поплавите во скопско на почетокот на месец август годинава.Со средства собрани на концертот кој ке се одржи во Спортско Рекреативниот Центар „Младост„ Ѓорчев ке го покаже на дело својот хуманизам ,како човек кој сочувствува со маките на луѓето.
             На неговиот концерт ке настапат легендарниот Мики Јовановски-Џафер,Џокси,потоа победникот на Макфест-новата звезда на македонското забавно небо Александра Јанева, Александар Белов,Лена, Мартинијан Кириловски.
Концертот е под наслов „Ѓоко Ѓорчев и пријателите за Скопје –за Македонија“.Настанот е подржан од Локалната самоуправа и градоначалникот на Општината.
             Ѓорчев сам организира се, и веруваме во него.Има време и за други пријатни изненадувања.Да остане и на ова ке биде интересно музичко доживување со него и неговите музички пријатели.
           Нашиот Ѓоко ве поканува да дојдете на концерт и да помогнете.Со парите од билетот некого ке усреќите.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:20 am   |   Sunset: 6:28 pm
23%     11.3 km/h     33.085 bar
Forecast
СабLow: 10 °CHigh: 32 °C
НедLow: 14 °CHigh: 32 °C
ПонLow: 12 °CHigh: 35 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 7 °CHigh: 22 °C
ПетLow: 6 °CHigh: 24 °C
СабLow: 9 °CHigh: 25 °C
НедLow: 8 °CHigh: 20 °C
ПонLow: 6 °CHigh: 22 °C