Заеднички тренинг на три џудо клубови во Кавадарци

Останато
Типографија

 

Педесетина џудисти од сите возрасти од џудо клубовите Гладијатор од Кочани, Сенсеи од Радовиш и Кожувчанка од Кавадарци во неделата, 5 март, во спортската сала „Јасмин“ оддржаа заеднички тренинг

Oсвен со своите тренери, Драган Шеќероски, Наде Ристов, Марјан Колев и Сашко Ангелов, имаа можност да тренираат и со ИЏФ експертот, Габриел Сапта, носител на црн појас, шести дан.

Ова е трето гостување на високиот  ИЏФ експерт во Кавадарци, откако претходно оддржа предавање за тренерите и судиите на тема нови судиски правила, а проследи и тренинг на џудистите од џудо клубот „Кожувчанка“.

„Со овој тренинг само потврдуваме дека Кавадарци е центарот на македонското џудо. Џудо клубот „Кожувчанка“ многупати до сега потврдил дека е одличен организатор на различни настани, почнувајќи од балкански и државни првенства каде критериумите се исклучително високи, семинари, обуки, подготовки, а во последните неколку години и домаќин на големи имиња од светот на џудото, како што е господинот Сапта“ - рече меѓу другото Марјан Колев, тренер на џудо клубот Кожувчанка.

Заедничкиот тренинг е дел од проектот на Интернационалната џудо федерација, Интернационален олимписки комитет, Македонски олимписки комитет и Џудо федерацијата на Македонија, а технички организатор на истиот беше џудо клубот Кожувчанка.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:44 am   |   Sunset: 7:26 pm
48%     6.4 km/h     33.119 bar
Forecast
СабLow: 17 °CHigh: 32 °C
НедLow: 18 °CHigh: 32 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 32 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 31 °C
СреLow: 18 °CHigh: 32 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 32 °C
СабLow: 18 °CHigh: 33 °C
НедLow: 18 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 32 °C