Во спортската сала во Росоман во Неделата 02.12.2018 се одржа првиот турнир во кошарка .На истиот учествуваа екипите Ролинг од Струмица, Студент од Штип и Спортисимо, а турнирот беше во организација на Македонската кошаркарска федерација. Првиот турнир за оваа сезона го освои екипата на Спортисимо.

Градоначалникот на Општина Росоман Бранко Јанев присуствуваше на новогодишниот настан во ООУ “Пере Тошев“, каде заедно со Дедо Мраз поделија пакетчиња за најмладите а присуствуваше и на новогодишната приредба.Воедно градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев ја посети детската градинка Праскичка и заедно со Дедо Мраз му доделија новогодишни пакетчиња на дечињата.

Локаната самоуоправа на Росоман ги поканува сите жители на Општината на Форум за буџетот на општина Росоман за 2019 година .Форумот со јавна расправа ке се одржи во просториите на општина Росоман во Понеделник 10.12.2018 година со почеток од 17 часот.

На форумот се поканети сите жители на Росоман, Здруженија на граѓани, спортски клубови, културно- уметнички друштва и други кои сакаат за дадат сугестии за развојот на општина Росоман во 2019 година.

Сервисирана и пуштена е во работа постоечката мерко-регулациона шахта на локацијата кај Дрекслермаер. Поставен е нов Протокомер ТФФМ – Интерна уградба, поставен е бежичен линк ENTERNET so вграден рутер за конекција помеѓу две точки и поставен е интернет за една точка со што од оваа шахта ќе се испраќаат податоци за протокот на вода.

Општина Росоман  денеска  го одбележа 17. декември -Денот на фоrмирањето на Општината пред 22  години. Свечената сeдница на Советот ја следеа повеќе граѓани, претставници на државни институции, градоначалници, ученици

Завршува со изградба локалниот пат до сelo Мрзен Ораовец. Во оваа фаза се асфалтираат 850 метри со што граѓаните кои го користат овој пат ке добијат подобрена инфраструктура и ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Вкупната финансиска конструкција на проектот е 4.401.173 денари, од кои 2.000.000 денари се обезбедени од страна на Министерството за Локална самоуправа – Биро за регионален развој додека останатите средства се кофинансирани од страна на општина Росоман.

Општина Росоман  утре 17.12.2018 година (Понеделник) ја прославува 22 годишнината од постоењето, По тој повод  Локалната самоуправа на Општината  ги  поканува граѓаните  да присуствуваат  на свеченоста која започнува во 10 часот.

Донесена е Одлука за утврдување на почеток и завршување на работното време на вработените во општина Росоман. Работното време за вработените во општина Росоман сметано од 05.11.2018 (Понеделник) ќе започнува од 07.30 до 15.30 часот.

Повеќе артикли...