Билтен на МВР / Кривични пријави за злоупотреба на службено овластување

Росоман
Типографија

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против С.Л.(53) и Д.М.(46), двајцата од Росоман и Б.Ј.Ј.(35) од Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Првопријавениот, во текот на минатата година, како градоначалник на општина Росоман, по претходно спороведена постапка од јавна набавка, прифатил и исплатил фактура од “Агропласт РОС“ ДОО Росоман, за изградба на потпорни ѕидови на трасата на локалниот пат од село Сирково до село Росоман и покрај тоа што знаел дека  градежните работи кои се во опис на градежната докумeнтација воопшто не биле изведени од страна на изведувачот. Второпријавениот, како одговорно лице во  ДПТУ “АГРОПЛАСТ РОС ДОО”  Росоман, иако не ги извел работите наведени во описот на градежната документација,  издал фактура за наплата за изградба на потпорните ѕидови во вредност од 574.636 денари. Третопријавената, пак, како одговорно лице во МБМ “Архитекти” ДООЕЛ Скопје, при стручен  технички надзор на горенаведената активност,  ја потврдила изведбата на описот на работите во градежната книга и градежниот дневник, и изготвила извештај за работите  што воопшто не биле изведени од страна на второпријавениот. На овој начин, пријавените го оштетиле  Буџетот на општина Росоман за 574.636 денари.“ се наведува во денешниот билтен на МВР.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 5:40 pm
68%     4.8 km/h     33.254 bar
Forecast
ПонLow: 10 °CHigh: 17 °C
ВтоLow: 10 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 6 °CHigh: 14 °C
ПетLow: 2 °CHigh: 20 °C
СабLow: 4 °CHigh: 23 °C
НедLow: 7 °CHigh: 22 °C
ПонLow: 9 °CHigh: 20 °C
ВтоLow: 9 °CHigh: 21 °C
СреLow: 8 °CHigh: 21 °C