Причина за недостигот на вода е дефект

Новиот центар на Кавадарци ќе остане без вода за пиење до 13 часот, поради дефект на водоводната мрежа во тој дел на градот, информира Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при Јавното преторијатие “Комуналец”.

-Дефектот е на улицата “Моша Пијаде”. Покрај од оваа улица, вода ќе немаат и жителите од улиците “Илинденска” и “Кочо Рацин”, делот на новиот центар. Ги молиме граѓаните за разбирање, нагласува Димитриева. Екипи на претпријатието се на терен и активно работат на отстранување на дефектот.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА