РОСОМАН : ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ ПОД ЗАКУП 5 ГОДИНИ

Росоман
Типографија

Се објавува  давање под закуп на деловен простор по пат на електронско јавно наддавање

ПРЕДМЕТ НА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Општина Росоман го дава под закуп на деловен простор (Пензионерски дом) сопственост на Општина Росоман, Росоман по пат на електронско јавно наддавање бр. 08-237/1.3 од 30.04.2018 година донесена од Советот на Општина кој се дава под закуп согласно Одлука за давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на Општина Росоман („Сл.гласник на Општина Росоман“бр.8/18). , и се издава во закуп за времетраење од:

5 (пет ) години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач

ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНАТА СТВАР –ДЕЛОВЕН ПРОСТОР КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП , ПОЧЕТЕН ИЗНОС НА МЕСЕЧНАТА ЗАКУПНИНА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Ре.бр.   Улица и број     Деловен објект              ОПИС    Површина м2   Банкарска гаранција 2% од проценетата вредност на недвижната ствар во денари       

Почетен износ на месечна закупнина во денари (Почетна цена за наддавање)          

Почеток и часна јавното надавањеул.,,Гоце Делчев,, бр.бб Росоман

Имотен листбр.2379       КО Росоман

Почетниот износ на месечната закупнина на недвижната ствар-деловен простор   изнесува 0,5% од Вкупната проценета вредност на објектот .Цената за недвижната ствар е утврдена согласно Извештај за извршена процена согласно Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижни ствари.

ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на следната интернет страница www. e-stvari.mk.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.Увид на недвижноста деловен простор (Пензионерски дом) кој е предмет на елктронското јавно наддавање заинтересираните субјекти ќе може да извршат секој работен ден во рокот од точка 6 од огласот, во периодот од 10 до 16 часот лица за контакт Ѓорѓи Крстевски 072/319-594 и 071 250 737 и Блажо Костовски 072/319-593.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните правни и физички лица електронски поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата. (За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.mk). Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка – од учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Доказите кои е потребно да се достават кон пријавата за електронското јавно наддавање, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат, и тоа:

Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата;

Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на движната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Росоман ул.„Пролетерска“ бр.1А Росоман , за Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Росоман. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

Доказ за идентитет за правни лица;

– тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);

– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

Доказ за идентитет на физички лица:

– копија од лична карта или патна исправа;

Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.

РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното надавање се доставуваат најдоцна до 23.07.2018 година.

Објавата трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од 09.07.2018 до 23.07.2018 година

Документите се прикачуваат електронски на софтверот и не смеат да бидат постари од 6 месеци.

Подносителите на пријавите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното надавање согласно со објавата на денот на спроведувањето на јавното надавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното надавање по што имаат право на учество на јавното надавање.

Подносителите на пријавите кои што што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во надавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

Јавното електронско надавање ќе се одржи на интернет страницата на www.e–stvari .mk

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Депозитот представува гаранција за учество на јавното наддавање и изнесува 2% од почетната цена на закупнината.

Уплатениот депозит во целост им се се враќа на учесниците кои што нема да бидат избрани за најповолен понудувач ,во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Уплатата на депозитот да се изврши во корист на општина Росоман на трезорска сметка 1000000000630 95,сметка на буџетскиот корисник761014038063019,приходна шифра 725939 00,назив на примач :трезорска сметка ,Буџет на општина Росоман,Банка на примач :Народна банка на РМ.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија.

ПОСТАПКА

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупниот почетен износ на месечната закупнина на недвижната ствар –деловен простор и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на месечната закупнина на недвижната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на месечната закупнина на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина на недвижната ствар .

Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното надавање е должен да ги уплати средствата на сметка на општина Росоман во согласност со постигнатата крајна цена , адоколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор,депозитот нема да се врати а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.

По завршување на постапката за јавно надавање со најповолниот понудувач во рок од 5 (пет) работни дена по извршената уплата на постигнатата цена на закуп на недвижната ствар ,Градоначалникот на општина Росоман склучува договор за закуп на недвижната ствар .

Договорот во рок од 30 дена се доставува лај нотар заради вршење на солемнизација .

Нотарските трошоци се обврска на закупопримачот.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско надавање во рок од три дена од одржувањето на јавното електронско надавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5(пет) дена од приемот на приговорот.

Против Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

           Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Росоман.

safe_image.jpg

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 30 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:13 am   |   Sunset: 8:2 pm
40%     17.7 km/h     32.814 bar
Forecast
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 18 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 36 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 31 °C
ВтоLow: 17 °CHigh: 27 °C
СреLow: 18 °CHigh: 29 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C