Росоман / “Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови како и деца во предучилишна возраст”

Росоман
Типографија

ЈАВЕН ОГЛАС – до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови како и деца во предучилишна возраст  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција) – млади лица до 29 години

– лица постари од 50 години

– лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

– жени припадници на помалите етнички заедници

– лица припадници на ромската етничка заедница

– самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

– лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Негувател/ка (помошник за давање на услуги во домашни услови)

– Негувател/ка (помошник за давање на услуги во домашни услови)

– Негувател/ка (помошник за давање на услуги во домашни услови)

Пружење на елементарна помош и грижа за старите и изнемоштените, како и инвалидизирани лица која опфаќа:

– Набавка и достава на лекарства и други намирници

– Набавка и достава на храна и други неопходни продукти

– Плаќање на месечни сметки за струја, телефон, вода и слично

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Росоман и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Росоман кај лицето, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Валентина Бањанска.

ОПШТИНА РОСОМАН

 

 
МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 21 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:29 pm
70%     17.7 km/h     33.017 bar
Forecast
ЧетLow: 18 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 33 °C
СабLow: 18 °CHigh: 33 °C
НедLow: 20 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 32 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 16 °CHigh: 32 °C
СабLow: 17 °CHigh: 32 °C