Ракомет:ГРК „Тиквеш-2014„-Преспа 2010“ 27 : 32

Спорт
Типографија

Избраниците на професорот Велков одлично влегоа во натпреварот, и во првата половина од воведното полувреме константно ја имаа предноста на своја страна

Падот во играта во последните пет минути од натпреварот, пред се како резултат на ограничениот број на ракометари во ротацијата се главната причина за новиот пораз на ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш, овој пат од тимот на Преспа 2010 чии играчи мораа да вложат дополнителни напори за да стигнат до претходно планираните бодови.Избраниците на професорот Велков одлично влегоа во натпреварот, и во првата половина од воведното полувреме константно ја имаа предноста на своја страна, која на моменти изнесуваше и 2 гола, 6-4, 7-5. Со два гола во серија гостите стигнаа до изедначување, за пред крајот на полувремето да си обезбедат и високи +4, 12-16, кои кавадаречките ракометари до полувремето успеаа да ги намалат на негатива од само еден гол.Мини сериите на почетокот на второто полувреме не им донесе резултатски бенефит на ниту една од двете екипи, па во завршните седум минути се влезе изедначено, 25-25. И кога стотината присутни во „Јасмин“ се понадеваа на победата, се случи пад во играта кој гостите успешно го казнија, за на крајот да стигнат и до убедлив триумф од 27-32.
Ѓорѓи Велков со 9, Витанов Васил и Анѓелков Игор беа први стрелци во домашниот тим во кој повторно брилјантен настап имаше голманот Марјан Велков. Башевски со 9 и Шабединовски со 7 гола беа предводници на тимот на Преспа.

Следни настани

RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 25 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
55%     6.4 km/h     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 16 °C High: 38 °C
Вто Low: 18 °C High: 36 °C
Сре Low: 17 °C High: 39 °C
Чет Low: 18 °C High: 40 °C
Пет Low: 18 °C High: 41 °C
Саб Low: 20 °C High: 41 °C
Нед Low: 20 °C High: 35 °C
Пон Low: 19 °C High: 30 °C
Вто Low: 17 °C High: 29 °C
Сре Low: 16 °C High: 30 °C