(Видео) Никогаш заборавени

Спорт
Типографија

Меморијален турнир во мал фудбал “Никогаш заборавени” се реализира  во Кавадарци, во организација на навивачката група “Лозари”

Oва навивачка група  постои од 1991 година, а турнирот во мал фудбал го организираше  во спомен напрерано згаснатите животи на Mитко Влајков, Александар Ташев-Фанта, Дуле Јованов, Дано Јорданов-Караџа, Даниел Мустеников-Рогуш, Виктор Стојановски-Пират, Златко Милков-Шатка и “Драган Пендев-Гаго.

   Навивачката група од Кавадарци е верна на спортските случувања во градот.Тие се на прибините и навиваат за  фудбалскиот, ракометниот и кошаркарскиот клуб “Тиквеш”.

Пред почетокот на турнирот беше положено свежо цвеќе на вечните почивалишта на починатите другари од Источна трибина.

   Во своето обраќање кон присутните, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев меѓу другото нагласи, дека спортот и навивачката група, секогаш ќе ја имаат поддршката на локалната самоуправа.

Актерот Диме Коцевски наместо со минута молчење, им предложи на присутните да  се потсетат на  прерано починатите другари и пријатели со навивачки аплауз.

   Турнирот кој традиционално се организира на “Прочка, се одигрува во спортската сала ДТВ “Партизан”. Присутни се и членови од братската навивачката група “Чкембари”.

На победниците на турнирот им беа доделени пехари и други награди.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 18 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:4 am   |   Sunset: 7:54 pm
74%     6.4 km/h     33.119 bar
Forecast
ПетLow: 13 °CHigh: 27 °C
СабLow: 13 °CHigh: 30 °C
НедLow: 17 °CHigh: 30 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 30 °C
СреLow: 15 °CHigh: 29 °C
ЧетLow: 15 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 16 °CHigh: 31 °C
СабLow: 16 °CHigh: 30 °C
НедLow: 17 °CHigh: 28 °C