(Видео) -Ракомет/ Нова сезона со нова енергија, тренер, ракометари...

Спорт
Типографија

На прес конференција беше претставен новиот тренер, новајлиите во тимот, но и новите пријатели и помагатели на Градскиот ракометен клуб „Тиквеш“.Беше најавена новата сезона од првата македонска ракометна лига со нова енергија ,играчи,средства ,и позитивна амбиција

Амбициите се поголеми, очекувањата исто така и покрај супер силната група 1, но и сосема оправдани со оглед на тоа што во тимот по успешната кариера во македонските клубови се враќа Милан Левов, но и некогашните негови соиграчи од најсветлите денови на кавадаречкиот ракомет Илија Грозданов, Васко Димитров, Орданче Лазов и Јовица Јошев. Дополнително, тимот на располање ќе го има и Димче Минов од тимот на Борец кој сезонава како позајмен играч ќе се обиде да го надополни дефицитот на позицијата десен бек. Тимот ќе го предводи искусниот Драган Сукара, кој веќе подолг период работи со клубот.

Поддршка на новиот проект дојде од Локалната Самоуправа која за 100 проценти го зголеми буџетот за клубот, но и од јавното претпријатие „Комуналец“, „Кожувчанка“ ДОО и Екстра Бус, како и од новите партнери, винарската визба Милев „Гоце Делчев - Тиквеш“ и Инел Интернационал.

-„Целта на клубот е да направиме спој помеѓу младоста и искуството за да обезбедиме долгорочност на кавадаречкиот ракомет. Сакаме да го искористиме искуството на Левов, Грозданов, Димитров за да создадиме нови, квалитетни играчи. За таа цел во првиот тим вклучивме и неколку играчи од младинските категории, кои веруваме дека ќе имаат свој допринос во успесите во новата сезона“ - рече меѓу другото Зоран Јосифовски, член на Извршниот одбор на клубот.

Богата забавна содржина, убав ракомет, нови дресови и клубска химна која ќе биде промовирана деновиве беше најавена од Ратко Мицев, кој исто така е дел од Извршниот одбор на клубот.

- „Сакаме да ја привлечеме публиката повторно во салата. Ветуваме дека ракометарите ќе дадат се од себе, но и дополнително ќе организираме бројни наградни и забавни содржини за сите публиката која ќе ни ја даде поддршката која ни е најпотребна, но и за која всушност се игра и ракометот, рече Мицев.

Првиот натпревар во новата сезона кавадаречкиот тим го игра викендов против секогаш незгодниот тим на Младост од Богданци, а точниот термин за одигрување на истиот ќе биде утвдрен деновиве.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:28 am   |   Sunset: 4:7 pm
95%     3.2 km/h     32.882 bar
Forecast
Сре Low: 8 °C High: 14 °C
Чет Low: 5 °C High: 12 °C
Пет Low: 5 °C High: 11 °C
Саб Low: 4 °C High: 12 °C
Нед Low: 3 °C High: 12 °C
Пон Low: 5 °C High: 13 °C
Вто Low: 4 °C High: 12 °C
Сре Low: 3 °C High: 8 °C
Чет Low: 1 °C High: 6 °C
Пет Low: 0 °C High: 8 °C