Со 4 - 0 ТИКВЕШ (Љуботен) ја победи БЕЛАСИЦА од Струмица

Спорт
Типографија
Со 4 - 0 ТИКВЕШ (Љуботен) ја победи БЕЛАСИЦА од Струмица
Фудбалерите на Тиквеш 2014 до крајот на есенскиот дел од сезоната ќе настапуваат под името Љуботен-Кавадарци. На 13 август и официјално ќе ја стартува второлигашката сезона под ова име, а потоа повторно го враќа старото име.
Пред својата публика, на Градскиот стадион во Кавадарци, кавадаречките фудбалери во дербито на колото ќе го пречекаат тимот на Скопје, а ништо помалку интересен нема да биде ниту вториот сезонски натпревар, во кој кавадаречкиот тим ќе му гостува на Вардар Неготино, во уште едно локално дерби, кое според најавите ќе се одигра во Гевгелија, затоа што на игралиштето во Неготино сеуште нема услови според стандардите на фудбалската федерација на Македонија.
Занимливо ќе биде и во третото коло во кое во Кавадарци ќе гостува амбициозниот тим на Академија Пандев, за потоа да следи гостувањето кај стариот познаник, тимот на Еуромилк.
Распоредот можете да го погледнете на следниот линк:
Градоначалникот Панов ја потврди ова информација, а за јавноста појасни дека е обезбедено финасирање на клубот до септември кога ќе следува ребаланс на буџетот и за ова ставка.
За наредната година тој ке предложи Локалната самоуправа во финасирањето на клубот да учествува со 50 илјади евра.
Инаку со ТИКВЕШ(Љубанци) – Кавадарци раководи искусниот тренер Митко Сапунџиев.
Второлигашот од Кавадарци го сочинуваат играчи кои минатата сезона го носеа дресот на тимот, а најавено е и пристигнување на неколку искусни фудбалери кои треба да ја засилат конкуренцијата на неколку позиции.
Подготвеноста на играчите и воигрувањето до почетокот на првенството беше тестирана на вчерашната средба со Беласица од Струмица која ја победивме со 4 : 0. За новата состојба на клубот и она што треба клубот да го направи до стартот на сезоната на Градскиот стадион, за РТК, се огласи претседателот на Управниот одбор Ilija Temelkovski кој потврди дека се е спремно за старт во второлиашката конкуренција.
Следната пријателска средба на Градскиот стадион во Кавадарци ТИКВЕШ(Љуботен) од Кавадарци ќе ја игра со Хоризонт од Турново, во сабота попладне.
 
За видео од прилогот, тука.
DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 8 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
78%     6.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 10 °C
Саб Low: 5 °C High: 13 °C
Нед Low: 2 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 3 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 1 °C
Пет Low: -3 °C High: 3 °C
Саб Low: -2 °C High: 5 °C
Нед Low: -2 °C High: 3 °C