(Видео) Алушевски со ракометарите на ГРК„Тиквеш„

Спорт
Типографија

Големиот  македонски ракометен ас  Стевче Алушевски ги тренираше кавадарчките ракометари.Негова оценка е дека тие имаат висок ракометен потенцијал


Прославениот ракометар и член на Македонската селекција Стевче Алушевски во саботата попладне на 22 Април беше меѓу кавадаречките ракометари.Управата на клубот го повика порославенмиот ас да помине еден попладневен тренинг со првиот тим и останатите погони на Градскиот Ракометен Клуб „Тиквеш„ со цел да се запознае со мементналната форма на ракометарите на Кавадарци а истовремено им покаже дел од методите на тенинг кој тој ги практикува во неговата школа во Скопје.
Во изјавата за РТК.РК , Алушевски изрази задоволство од формата и физичката спремност на кавадарчани и нагласи дека му е задоволство што се наоѓа меѓу вакви ракометари.Ракометната игра последните години е популарна кај гледачите поради клубските и репрезентативните настапи и разбирливо е што и во Кавадарци ракометот е спорт кој  како магнет ги привлекува младите.
Тренингот го следеа претседателот на клубот Антонио Коцев,тренерот на сениорите Велков, на помладите Василев,ветеранот и тренер Димитар Влаинков ,човекот кој последниве години се залага за подем на ракометот во Кавадарци Зоран Јосифовски.Желбата кај сите е да се создаде тим кој ке може да го врати Кавадарци на старите патеки на успехот и да дава репрезентативи имиња.
„Целта ни е ракометот да го добие соодветниот третман.Имаме подршка од Локалната самоуправа но и од бизнис секторот и ние сме благодарни за тоа, но сеуште недострасуваат средства и друга помош, која ние се надеваме , ке ја добиеме.Тоа го очекуваме со измените во Закониот за спорт, кој е во најава за измена во корист на спортот и спорското финасирање, вели Јосифовски.

(Видео изјави: Алушевски и Јосифовски )

DITO
MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 5 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:53 am   |   Sunset: 4:4 pm
87%     17.7 km/h     32.916 bar
Forecast
Нед Low: 3 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 2 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -5 °C High: 0 °C
Пет Low: -5 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 1 °C
Нед Low: -2 °C High: 1 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C
Вто Low: -3 °C High: 3 °C