„Жетва“ на медали на Кожувчанка

Спорт
Типографија

Со вкупно осум медали, кавадаречките џудисти од џудо клубот „Кожувчанка“ запишаа oвојпат во Прилеп

Државното првенство во џудо, кое во саботата, 27 мај се оддржа во спортската сала при основното училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп, донесе голем успех на нашите џудисти.

Игнат Петров го освои златниот медал во категоријата до 34 килограми, додека бронзени медали освоија Розе Милкова, Благица Колева, Филип Здравев, Димитар Грижев, Никола Петров, Антонио Костадинов и Благој Тодоров, додека пак Душко Јовески и Миле Костов и покрај добрите борби, не успеаа да освојат медали.
„Жетвата“ на медали продолжи и во неделата, 28 мај, на истата локација, но во рамките на државното првенство за јуниори од кое сите четири натпреварувачи на кавадаречкиот џудо клуб се вратија со медал. Никола Станоев иако беше блиску до злато, немаше среќа во финишот и ја загуби финалната битка и мораше да се задоволи со сребрен медал, додека пак Трајче Најдовски, Димитар Колев и Сашко Гинев освоија бронзени медали.
„Потполно сум задоволен од моите џудисти од постигнатиот ефект и прикажаните борби на двете државни првенства. Жал ми е што Никола Станоев не успеа да освои златен медал во својата конкуренција, иако беше многу блиску до тоа. Неговата финална борба со Еди Шерифовски од Миоки беше највозбудливата на целиот турнир, Никола ја имаше предноста се до самиот финиш во кој Шерифовски победи со ипон“ - рече меѓу другото Марјан Колев, тренер на џудо клубот Кожувчанка.

DITO
MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 5 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:53 am   |   Sunset: 4:4 pm
87%     17.7 km/h     32.916 bar
Forecast
Нед Low: 3 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 2 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -5 °C High: 0 °C
Пет Low: -5 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 1 °C
Нед Low: -2 °C High: 1 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C
Вто Low: -3 °C High: 3 °C