Позната здравствената состојба на македонскиот ракометар по страшната сообраќајка

Спорт
Типографија

Поранешниот репрезентативец на Македонија и актуелен ракометар на Радовиш, Милан Левов веќе не е во животна опасност и неговата здравствена состојба се подобрува.

Некогашниот член на екипите на Вардар и Металург имаше сообраќајна несреќа пред шест дена и беше сместен во Клиничкиот центар во Скопје на интензивна нега.

-Возејќи го својот автомобил, Левов излетал од патот и се здобил со повреда на главата. Среќна околност е што немало други сериозни повреди, но поради тоа што му се појавил хематом на главата мораше да се направат дополнителни испитувања, компјутерска томографија на мозокот по што остана во индуцирана вештачка кома. Повредата на главата била посериозна од првичните прогнози, но Левов полека се опоравува, и повеќе не е вклучен на апарати за одржување во живот, објави порталот 24 ракомет.

Милан Левов кариерата ја почна во ВВ Тиквеш, играше за Вардар и Металург, беше член на Охрид, Работнички и Радовиш, а интернационалната кариера ја градеше и во Саудиска Арабија. Своевремено беше најскапиот македонски ракометар што направил трансфер од една во друга македонска екипа, од ВВ Тиквеш во Металург за што тимот од Автокоманда плати 30.000 евра.

извор  Kurir.mk

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 21 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:29 pm
70%     17.7 km/h     33.017 bar
Forecast
ЧетLow: 18 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 33 °C
СабLow: 18 °CHigh: 33 °C
НедLow: 20 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 32 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 16 °CHigh: 32 °C
СабLow: 17 °CHigh: 32 °C