(Видео) Ракометното дерби за Вардар

Спорт
Типографија

ГРК Тиквеш-Вардар(Неготино) 22:25

Локалното дерби помеѓу градскиот ракометен клуб Тиквеш и ракометниот клуб Вардар од Неготино по долги години, го врати ракометот во фокусот на кавадаречката спортска јавност.


Над 1500 гледачи во салата Јасмин-одамна немаме видено, со атмосфера исто така ретка.Спортско навивање, многу емоции ,адреналин како во старите времиња.Резултатот беше битен но тој беше во втор план.Сепак убаво ке беше , барем за ГРК Тиквеш ако победеше во Кавадарци -но тоа не се случи.

0909000.jpg

Ракометното дерби им припадна на ракометарите на РК Вардар од Неготино, кои во „Јасмин“ дојдоа  со околу 800 навивачи, и очекување да победат.Во тоа успејаа.Конечниот резултат  е 22-25.

Главната борба , се чини  победникот го даде во  средината на второто полувреме кога ГРК Тиквеш изедначи  на 16-16 а потоа и 17-17 за во 47 минута да поведе со  18-17 а потоа и 19-17.Од 50 минута кога Вардар изедначи на 19-19 до крајот на средбата неготинчани остранаа во водство од еден а потоа два и три гола разлика.

222.jpg

Големата желба на тренерот Василев и управата на клубот за победа  на домашен терен не се остварија, иако на моменти можевме да сториме и повеќе.Но за вакви натпревари потребен е физички поподговен тим, ГРК Тиквеш  располага со релативно млада екипа првотимци ,а веројатно е потребно во клубот да се донесат и засилувања за да живне нападот.На ова средба се истакнаа неколку првотимци кои заслужуваат внимание  и на кои тренерот ке смета и во наредните натпревари.

Освен битката на теренот на натпреварот на кој освен престижот, нема некое преголемо резултатско значење,  возбудливо беше и на трибините во пресметката помеѓу навивачките групи Лозари и Винари.Инциденти на средбата не забележавме.

Вардар беше подобриот противник и  го доби ракометното дерби.РТК.МК вршеше директен пренос,поради големиот интерес за ова средба.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Fair (day), 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:21 am   |   Sunset: 6:27 pm
30%     6.4 km/h     33.187 bar
Forecast
НедLow: 13 °CHigh: 32 °C
ПонLow: 12 °CHigh: 36 °C
ВтоLow: 8 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 5 °CHigh: 21 °C
ПетLow: 6 °CHigh: 24 °C
СабLow: 8 °CHigh: 25 °C
НедLow: 8 °CHigh: 22 °C
ПонLow: 8 °CHigh: 21 °C
ВтоLow: 7 °CHigh: 23 °C