Слепите лица добиваат звучни апарати за мерење на крвниот притисок,сите прозорци веницијанер ролетни а  телесните инвалиди  со метална пристапна рампа

 Здружението на   Lions klubot  ТИКВЕШ станува синоним на хуманост во општината. Ова невладина организација скоро цела година , без разлика на поводот, учествува , иницира и спроведува  акции за помош на сите граѓани на кои им е неопходина одредена помош без разлика на  хендикепот, социјалниот повод за тоа,или мотивот да се биде хуман.Тие се невладино здружение кои  собира  алишта, храна и друго, набавува нови предмети и справи и истите ги донира таму каде ќе бидат упатени од специјализираните организации и институции. Се оди  со договор однапред познати приматели и се води контрола помошта да стигне таму каде е наменета.

Денеска попладне тие донираа 5 апарати за (звучно) мерење на крвниот крвен пристисок на слепите лица за Здружението на слепи лица,комплетно обложување со венецијанер ролетни на прозорците на  НВО центарот (изграден кај поранешен Младински дом) и метална  пристапна рампа која ке ја користат лицата со инвалидитет (со колички).

На свечениот момент на донацијата на секретарот на Здружението на слепи лица Благој Јошев му беше демонтриран начинот на работата на вредните апарати за мерење на крвен притисок на слепи лица, за чија донација Јошев од името на сите слепи во Кавадарци срдечно им се заблагодари.

Ненад Јовановиќ, кој е координатор на  овој невладин центар, исто така се заблагодари за ова донација на  LIONS KLUBOT  TИКВЕШ, наведувајќи дека со ова се зголемува функционалноста на центарот, и изрази надеж дека тоа ќе ги поттикне и други лица и организации да имаат слух за потребата од вложување овде.Тој се надева дека Државата  и Општината ќе имаат слух, за подобрување на животот на хендикепираните лица (без разлика на инвалидитетот), и со оглед на вложувањата последните години  верува дека тоа и ке се оствари.

Мишо Митрев, претседател на ЛИОНС КЛУБ  Tиквеш  кажа дека ова 2019 година нивното здружение самостојно организира многу акции од хуманитарен карактер и се гордеат со тоа:Зад нив се акциите за донирање на топла облека за социјално ранливите семејства во Кавадарци, Бегниште и Малиот групен дом,донирање на  облека во здижувачко семејство во Куманово,доставена хуманитарна помош во пакети за социјално ранливи семејства во Крва Паланка и Кавадарци,и бројни други акции .

(во подготовка е видео прилог)

20181224_152219.jpg

 

22222222222222211111111111111111111111111.jpg

1111111111111111112333333333333333333333333333.jpg

333333331111111111111234.jpg

 

 

ttps://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t4c/1/16/1f642.png");">

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА