5 јуни-Светски ден на екологијата

Тиквешија
Типографија

Еко акција на Тиквешкото Езеро вчера спроведе  Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци.

Ученици од неколку основни училишта и од кавадаречката гимназија, собираа отпад од брегот на вештачката акумулација, втора по големина во државата. Во акцијата се придружија и нуркачи од спелеонуркачкиот клуб “Врело”.

-Целта е да се подигне свеста за значењето на чистата животна средина. За учениците подготвивме исто така и игри, но и награди за највредните во акцијата за собирање на отпад, рече Роберто Паризов, претседател на друштвото.

По завршувањето на акцијата, учениците испишаа табли со еко пораки, кои беа поставени на повеќе локации во близина на езерото. Паризов нагласи дека и во иднина, како регионален еколошки центар и член на Движењето на екологисти на Македонија, ќе продолжат со вакви и слични активности. Истовремено повика на поголема грижа кон околината. Упати благодарност за поддршката до општината, јавното претпријатие “Комуналец” и компанијата “Кожувчанка”.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 30 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:13 am   |   Sunset: 8:2 pm
40%     17.7 km/h     32.814 bar
Forecast
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 18 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 36 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 31 °C
ВтоLow: 17 °CHigh: 27 °C
СреLow: 18 °CHigh: 29 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C