Гроздобер 2018/Оптимизам за откупот на грозје-конкретни предлози за цени нема

Тиквешија
Типографија

На заедничка маса седнаа и преговараа претставници на лозарите и винарите и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.Главна тема на средбата беше претстојната берба и откуп на грозје. Претседателот на Здружението Напредни лозари од Кавадарци,Трајче Кулев,вели дека е задоволен од разговоите кои ги воделе во Министерството.

-Винариите кажаа дека годинава имаат доста побарувачка на грозје,што дури ние лозарите не можеме и да го обезбедиме.Им соопштивме дека во моментов имаме половина од тие количини кои ги бараат,па со тоа сметам и дека цените ќе растат со оглед на тоа дека ќе се создаде и некоја конкуренција меѓу откупувачите.Мислам дека ова ќе биде една добра вест за лозарите,за оние кои успеале да го сочуваат родот дека грозјето ќе достигне една добра цена,да бидат уверени дека цената ќе расте и нема да биде како претходно со сите пробеми со откупот.Со винариите имаме добра соработка,сакаат да откупат до последното зрно,е сега останува за цената да се договориме, ама мислам дека нема да има проблеми затаоа што конкуренцијата ќе си го направи своето,вели Кулев.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека нивна обврска е да создадат услови за стабилен откуп и стабилни откупни цени, поволна клима и за винарите и за лозарите, а сето тоа може да се постигне само преку навремени и редовни средби меѓу двете страни.

Николовски истакна дека Минситерството интензивно работи на развој на оваа извозно оринетирана гранка а во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 20 отсто се повисоки субвенциите за одржување на лозови насади за они кои имаат од 1 до 10 хектари, односно за лозарите со развоен потенцијал, или наместо 44.000 ќе добијат 48.000 денари по хектар. Исто така се воведе нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортимент, што е важно за следење на светските трендови и за зголемување на конкурентноста.

Проценките на Министерството и на винариите е дека оваа година се очекува да биде поволна од аспект на извозот, ако се има предвид дека заклучно со април годинава извозот на вино од Македонија бележи пораст од 8 отсто потенцирајќи дека Владата заедно со Министерството и понатаму ќе ги следи состојбите на терен, текот на бербата и откупот, дали се почитуваат договорите и дали е навремена исплатата на откупениот род.

Билјана Тошевски-Канал 77

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 21 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:29 pm
70%     17.7 km/h     33.017 bar
Forecast
ЧетLow: 18 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 33 °C
СабLow: 18 °CHigh: 33 °C
НедLow: 20 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 32 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 16 °CHigh: 32 °C
СабLow: 17 °CHigh: 32 °C