Спорт:Вардар Јуниор Лига

Вести
Типографија

Младите академки од Вардар ДБ славеа победа од 7-3 над екипата на Филип Вардар од Прилеп.

Искрена спортска возбуда која знаат да ја доживеат само децата, но не и нивните тренери, донесоа петте нови натпревари од редовното трето коло од Вардар Јуниор Лигата, кое во техничка организација на ракометната академија Вардар ДБ во неделата се оддржа во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.Младите академки од Вардар ДБ имаа многу повеќе причини за задоволство од академците, откако славеа победа од 7-3 над екипата на Филип Вардар од Прилеп. За разлика од нив, момчињата родени 2004/2005 повторно беа поразени, овој пат од екипата на Гостивар Вардар со 24-3.

14940067_1811939955744381_8031344161523501588_o.jpg


Во останатите натпревари кои ги следеше и новиот координатор на лигата, поранешниот ракометар на Вардар, Алексеј Растворцев, машката екипа на Филип Вардар беше поразена од екипата на Бисинов Вардар со резултат 6-17, додека во неизвесен натпревар, ракометарките на Кастратовиќ Вардар беа подобри од екипата на Кале Вардар од Кичево со резултат 7-10.Третото коло го комплетираа екипите на Гостивар Вардар и Филип Вардар за момчиња родени 2000-2001 во кој подобри беа ракометарите од Гостивар со резултат 28-25.

Следни настани

RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 25 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
55%     6.4 km/h     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 16 °C High: 38 °C
Вто Low: 18 °C High: 36 °C
Сре Low: 17 °C High: 39 °C
Чет Low: 18 °C High: 40 °C
Пет Low: 18 °C High: 41 °C
Саб Low: 20 °C High: 41 °C
Нед Low: 20 °C High: 35 °C
Пон Low: 19 °C High: 30 °C
Вто Low: 17 °C High: 29 °C
Сре Low: 16 °C High: 30 °C