(Видео) Село Брушани со нова црква

По 50  години селото Брушани повторно добива црква

Со изградбата на Браната на ХЕЦ Тиквеш и  стварањето на акумулацијата „Тиквешко езеро“, најголем дел од село Брушани и црквата во селото  беа потопени.Во куќите кои останаа на брегот се вратија дел од жителите, но никнаа и нови куќи, викендици.Оживеа крајбрежјето на Тиквешкото езеро.Но фалеше црква.И лугето ја изградија.Повторно по 50 години.Ја нарекоа „Света Недела„ за да ги чува сите добронамерници.На 6 август црквата беше осветена.