/Видео/ „Збунета бајка“ на „Реплика прва“

Првата приватна школа за актерство: Детско-младинско студио „Реплика прва“  имаше претстава која е резулат на неколку месечна работа на актерот Диме Коцевски кој им го понуди на младите актери своето искуство,умешност и знаење во ова струка со која се занимава и професионално, и тоа доста успешно..

Се работи за реализација на идеа која кај Коцевски тлее од подамна.Интересот за приватната школа за глума беше голем.Посетителите беа поделени во неколку групи.Потребата од глума за децата веројатно беше пресудна за интерсот.Драмските секции во училиштата или ги има или не го задоволуваат комплетните интереси кај учениците и веројатно  ова форма на изучување на актерството се покажа за успешна.