ОО  на СДСМ го критикува однесувањето на советниците на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

На денешната средба со новинарите М-р Даниела Колева  говореше за зголемувањето на платите во образованието

На 12.11.2019 околу 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(71) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите затоа што се превртел тракторот со кој го орал овоштарникот во м.в. „Макарија“, атар на с.Камен Дол. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 1834 година (Митровден) е осветена црквата Св. Димитрија во Кавадарци.  Диме Велков познат трговец од Кавадарци со подароци и многу пари успеал да добие ферман од Солунскиот валија и кавадарчани се стекнале со право да изградат црква во западниот дел од градот. Во текот на градбата имале многу проблеми од локалното турско население при градењето на црквата, на крајот бил постигнат договор камбанаријата да не биде повисока од покривот на црквата. Црквата е во форма на трикорабна базилика со импресивни димензии. Долга е 34 м., а широка 16 м. Денес во неа се евидентирани 111 икони од различен временски период. На јужната страна од црквата има параклис посветен на Св. Петка, а на западната страна има галерија каде се чуваат иконите. Црквата Св. Димитрија одиграла многу значајна улога во историскиот развој на Кавадарци.

Денес се врши целосна реставрација на црквата Св. Димитрија, а работите ги изврши Г.П. “Градба промет“. Се работи и на новиот фрескоживопис во црква

На прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Зоран Јованчев  го критикуваше работењето на ова влада.Тој истовремено го најави присуството на лидерот на паријата Христијан Мицковски утре во Кавадарци на средба со граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден завршија средбите со месните и урбаните заедници. Вчера Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец остварија средби со МЗ Марена, МЗ Сопот и МЗ Глишиќ.На средбите беа презентирани реализираните проекти од изминатите две години како и планираните проекти за 2020 година.
Целта на овие средби беше заедничката подготовка на Програмата за комунална изградба за 2020 година. Преку овие средби на терен се согледуваше реалната состојба и се поставуваат приоритетите за 2020 година

Во реакцијата опозиционата ВМРО-ДПМНЕ  регира на пресот на ОО на СДСМ.

Просветните работници наместо 25 ке земат само 10 % поголеми плати

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, започна со реализација на проектот за изградба на „Скејт парк“. На површина од 770 квадратни метри, планирано е да се изгради бетонско плато со финална обработка до мазен сјај, за рекреација и забава на младите „скејтери“.
Со проектот се предвидува изградба заштитна ограда, како и поставување на 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).
Од реквизитите кавадаречкиот скејт парк ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile), како и пропратна опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.
Се преедвидува и осветлување со рефлектори за користење на скејт паркот и во вечерни часови.

Инел Интернационал по технолошкиот развој е на самиот врв во земјава , смета Стопанската комора на Македонија , која деновиве со свои  стручњаци од ИТ технологијата, ја посети дирекцијата во Кавадарци.Поради тоа и се решија , кавадаречката компанија да ја претстават на пошироката стопанска јавност.

Koл центарот за пријавување и инфромации 13-300 и Граѓанскиот центар , вистинско место за помош и информации за граѓаните на Кавадарци. Голем интерес и  за приемниот ден на градоначалникот и разни работи во административнте служби.

Денеска одговорните излегоа на Прес конференција  при што ги соопштија статистичките податоци.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА