Во педесетите години од минатиот век Кавадарци доживува вистинска експанзија во изградбата на индивидуални и општествени станови, изградба на улици, канализација, тротоари итн. На фотографијата од 1955 година се гледа изградба на улицата "ЈНА", денес "Тиквешко востание", како и куќите на Пендеви, Угурови, Чулеви и други, а од механизација се користат арабаџиски коли, рачни колички, лопати и копачи.

П.Камчевски

Јавното претпријатие за државни патишта како носител на проектот заедно со Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица непречено го реализира комуналниот проект за изградба на нов мост на реката „Луда Мара“ на јужниот влез во селото Ваташа.

 Час по фискултура на учениците од Граѓанското училиште во Кавадарци во 1930 година. Училиштето тогаш било во куќата на Глигор Анастасов. Фотографијата ја снимил Андон Димитров, а ја позајмив од фото албумот на Тошо Јанакиев — во Kавадарци.

П.Камчевски

Новиот кеј-шеталиште во селото Ваташа го добива својот проектиран изглед. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци, деновиве работи на обновување на оштетените делови од „шкарпата“ на големото корито на локацијата меѓу амбулантата во селото и фудбалското игралиште на ФК „Габер“.
Овој капитален проект на Општина Кавадарци досега е реализиран во голем процент. На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскадии се оформени контурите. Поставена е нисконапонска линија со канделабри од јавното улично осветлување, како и пешачките
мостови.
Со реализацијата на овој проект општината ќе урбанизира и ќе уреди уште еден дел од коритото на реката „Луда Мара“ на потегот од
паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат во вкупна должина од 770 должни метри.
За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Oва е Управата на ФК “Тиквеш“ 1963 година: К.Шопов, А. Грков, Љ.Шкартов, И.Јосифов и Чулев на последниот проштален натпревар на Вуко Каров, еден од најдобрите фудбалери во историјата на кавадаречкиот фудбал во 1963 година. Покрај Тиквеш, Вуко има играно и за ФК “Вардар“ од Скопје за кого има одиграно 30 сетина натпревари, а му има дадено и два гола на Владимир Беара, едниот во Скопје против “Црвена Ѕвезда“, а вториот во Сплит кога Беара брани за “Хајдук“. Вуко има настапувано и за студентската репрезентација на Југославија.
 
Петре Камчевски

Денеска -08.08.2019 година четврток  Светата Православна  Црква го слави споменот на Св.преп.мч-ца Параскева (Петка) Римјанка .Света ПеткапараскеваРимјанка е заштитничка на жените, зашитничка од несреќи  и болести.

По тој повод во црквата во Кавадарци, една од најубавите во правславниот свет, се одржа Света Архиерејска литургија со која чиненачелствуваше неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Повардарски Господин Aгатангел  во сослужение со свештенослужители од кавадаречкото намесништво.На Литургијата беа присутни голем број верници.

Православните верници речиси цел ден палеа свеќи, оставаа или купуваа дарови од црквата ,се молеа  за здравје на најбкиските.Овој празник во Кавадарци традиционално е повод да се посеат нашите храмови.

Инаку по литургијата Владиката Агатангел изврши посета  на Црквата Свети  Димитрија која е реновирана комлетно  и е во втора завршна фаза ( се врши фрескоживопис и други работи).

На општествено одговорни фирми во Кавадарци денеска Банката за храна, со спроведувачот на ова активност од Кавадари Еко-живот-Еко ценгтар , им беа врачени благодарници за вклученост со донации во развојот на ова нова дејност чија основна цел е помош за социјално загрозените семејства кај нас.Alliance One (Alajans Uan)  и една од добитичкиуте на наградата во иднина ќе учествува во слични проекти кои имаат за цел помош на заедницата.Инаку  средствата кои се наменети за опремата и други артикли се собрани од самите врабитени на компанијата.Покрај Aлијанс уан, признанија  се предвидени и за Дени техно , Слога пром и Мин-екс, а се очекува кон Банката за храна да се приклулат и други компании.За крајот на август предвидена е новина која дополнително ке биде соопштена.Нјаголема е благодарноста кон Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев кој целосно се заложи за добра работа, услови и функционирање на Банката за храна во Општината.

1.-Службите од Општина Кавадарци денеска со ангажираната фирма на раскрсницата ул. Цветан Димов со ул. Моша Пијаде извршуваат местење на рабници.

 

2.-Се извршува санација на полскиот пат во село Дабниште.

По 32 години , кавадарчанец го освои Mont Blanc- највисокиот планински  врв во Европа - 4810 метри.

Започнаа градежните работи за изградба на улицата „Киро Каракулев“. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на вадење на гранитната коцка, како и на проширување и формирање на профилот на пробиената траса.
Според проектот на Општина Кавадарци, изработен врз основа на барањата на жителите од оваа улица, изведувачот на работите во наредната фаза ќе постави, тампон и нови рабници, по што во крајната фаза ,новата улица ќе се поплочи со бехатон коцки.
На оваа локација општината претходно отстрани стара куќа подложна на паѓање, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА