1.Се асфалтира ул.Скопска со претходна реконструкција на водовод и канализација.

2.Започна реконструкцијата на ул.Тиквешко востание. Оваа реконструкција е продолжување на проектот за обновување на сите     главни улици во градското подрачје. Во првата фаза се проширува делот за паркирање согласно проектот за зонско паркирање.

3.Рушење на склонопадна куќа се со цел пробивање на крак од ул.Киро Каракулев.

4.Реконструкција на водоводна линија во должина од 150 метри во с.Ваташа согласно изградбата на новиот мост.

Извидничкиот одред од Белгија втора година по ред ја избира општина Кавадарци за дестинација каде ќе престојуват .

Ристо Сакалиев, е претседател на Советот на Општина Кавадарци, е еден од советниците , како тој би рекол, прв меѓу еднаквите.Меѓу оние е со најголем број мандати како советник.Во овој состав  ангажманот  го обавува како претседател на ова  највисоко законодавно општинскоо тело,како независен советник.

Градоначалникот , вели Сакалиев, направи успешен  спој на двете партии  и советниците од другите политичко партии и групи и затоа имаме одлична комунална изградба.Сите имаме цел да го направиме Кавадарци модерен урбан, еколошки чист градски центар.Подршката за сите проекти , градоначлникот Митко Јанчев ја има од нас.Тој е одличен менаџер со јавните општински пари.

Сакалиев  зборува и за неговите спортски ангажмани, за каратето каде  е речиси 30 години.Тој е меѓународен карате судија .И понатаму се натпреварува во ветеренски  категории.Негова порака  е :младите да се занимаваат со спорт.Тој го поддржува секое спортување, а неговата  специјалност-каратето му е легната на срце и топло ги препорачува овој спорт кој обезбедува сила, мудрост,морални вредности...Во каратето ,како и во политиката, според него, не треба да се покажуав сила, туку треба да се  биде мудар  и воздржување од тензии.Повод да се сретнеме со него успешниот  настап на Европското карате првенство во Романија.

Летна средба со  претседателот  на Советот Ристо Сакалиев.

Во пресрет на летото и високите температури, во Кавадарци беше реализирана превентивна акција под мотото ,,Да ги заштитиме шумите од пожари,, со делење на едукативни флаери за граѓаните и возачите кои се упатуваат кон шумските предели.Во акцијата вклучени беа и студенти од факултетот за безбедност - Скопје.

На Витачево се одржа  практична обука  во рамките на проектот„ Витач“ за органско производство на мед. Интересот се зголемува,наставата станува се поинтересна.Потече првиот мед.

РТК.МК беше со обучувачите и заинтересираните кои ја следеа наставата.

Oпштина Кавадарци ова 2019 има најголема комунална изградна од ослободувањето до денес.Многу „заборавени„ ситуации се решаваат  на задоволстви  на пошироката заедница и Локалната самоуправа,.Менаџирањето на сите  реконструкции и изградби преку реализација на разни проекти се одвива без застој .Градоначалникот на Општината  Митко Јанчев со својот тим, има поддршка од бизнис секторот, разбирање од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, добива речиси бланко законска и друга логистика и законска поддшка и разбирање и помош од Владата и сите Министерства за реализација на се што е наведено во неговите предизборни и други ветувања кои произлегоа од предлозите на граѓаните.Посебно внимание  се обрнува на капиталните инвестиции , од кои дел се решени, но дел допрва ќе се градат.

Еве како Јанчев ја оценува моменталната состојба во комуналната изградба.

Тиквешките точакџии на 5., 6. и 7. јули подготвени да го организираат 4-то издание на „АЛШАР 2019“-Допри го сонцето

 Општина Кавадарци изврши влосна  ревитализација на обиколницата „Северен булевар“.Од денеска ова важна сообраќајница е во функција

Денеска ( четвртокот- 4 јули) се одржа првата од серијата на работилници со младите од Тиквешкиот регион дел од проектот Upcycling 4 Youth (долго име Примена на апциклирање за поттикнување на вработувањето на младите) финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Овој проект Еко живот го реализира во партнерство со "Проект ЕУ".

Денешната работилница беше со тема „Апциклираме за на плажа“и младите беа супер креативни и направија наметки за плажа, ташни и слични корисни работи од стари или неупотребливи алишта и материјали. Исто така, една група млади направи клупа од палети.

Следуваат повеќе работилници, сите заинтересирани млади може да не контактираат директно во канцеларијата на Еко Живот, преку FB профилот на проектот www.facebook.com/upcycling4youth или веб страната www.upcycling4youth.eu

За прв пат оваа година под покровителство на бизнис секторот а во организација на Општина Кавадарци ќе се случи КАВАДАРЦИ СТРИТ ФЕСТИВАЛ.Специјални гости на Кавадарци стрит фестивал , на последниот ден од стрит баскетот се најавени :Претседателот на КФМ Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА