ПОКРАЈ ВО ТУРИЗМОТ СО ИТАЛИЈАНЦИТЕ КЕ СЕ СОРАБОТУВА И ВО ДРУГИ БИЗНИСИ

 

Цените на земјоделските производи кои се нудат на Градскиот зелен пазар на крајот на јули се поголеми од јунските.
Ова  важи за неколку витални производи кои се купуваат во Кавадарци, но и во државата.

Полицијата поднесе кривична пријава против В.Т. (37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Имено, велат од полицијата, пријавениот на 4 мај околу 18.10 часот отишол во трафика на градскиот плоштад во Неготино и купил две кутии цигари за кои платил со фалсификувана банкнота во апоен од 500 денари, која била забележана од страна на вработената и настанот бил пријавен.

По извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификат.

За овој и наредните проекти во Спортскиот објект говорат Александар Панов- Градоначалник на Кавадарци и Сашко Атанасов, директор на СС „Јасмин“ 

 

За видеото на следниот линк.

 

 

 

Во Кавадарци почна издавањето на дозволи за собирање на боровинки во ридско шумските предели од Општината. Дозволите по цена од 400 денари, се обезбедуваат во просториите на “Бор”, кавадаречката подружница на “Македонски шуми”.
Како што информираше магистер Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата, веќе се издадени и првите десетина одобренија за собирање на боровинки. 
-Минатата година издадовме шеесетина вакви документи на заинтересирани да берат боровинки на територијата на општината Кавадарци. Годинава очекуваме бројот на издадени дозволи да биде помал. Тоа го објаснуваме со фактот што снегот кој падна на 17 април пролетва, предизвика мрзнење кај боровинките. Како последица на тоа, нивниот род е намален. 
Дозволите за берење на боровинки важат до крајот на оваа година.

- нови тротоари
- реконструкција на скали
- поплочување
- патеки на градски гробишта
- санирање на ударни дупки
- нови улици во 3 села

Погледнете го прилогот на Марјан Димитров и изјавата на Александар Панов - Градоначалник на Кавадарци​ на следниот линк.

ВО САБОТА И НЕДЕЛА ( 30 И 31 ЈУЛИ)

 

Прекрасна музичка вечер синоќа во Кавадарци приреди Камерниот оркестар од Битола.

 

На делницата коритото на реката Луда Мара од првата мини ХЕЦ над село Ваташа до природното езеро“ Градот“ реката е со минималниот биолошки минимум.

Актуелниот секретар на Општина Кавадарци, Кире Делов, денеска организира неформална средба со поранешните секретари на ова институција на локалната власт .
Делов и актуелната администрација длабоко ја ценат и почитуваат традицијата, и ја ценат историјата на Кавадарци.

 

Годинава се навршуваат 25 години од независна и самостојна Македонија. Затоа со пиетет се сеќаваме на генерациите пред нас кои со своето работење придонесоа за изградбата на Општината, но исто така со респект гледаме и на генерациите кои ја водеа Општина Кавадарци до референдумското изјаснување на 8 септември.

 

- Како секретар на Општината ја организирав ова средба со сите поранешни секретари на Општината, со цел да им изразам благодарност за сработеното.

Станува збор за луѓе кои учествувале во поставувањето на темелите на локалната администрација и нејзиното работење кое е исклучиво во интерес на нашите сограѓани.

Почит за оние кои не се мегу живите, а кои учествувале во изградбата на Кавадарци.

 

Покрај неформалноста на средбата, сето има суштина, преку изразувањето на нивните искуства, а ние како млади генерации има што да научиме од нив.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА