На местото каде се наоѓа денешниот Градски плоштад , а чиј лик се менувал , и таа промена ке трае и во иднина,се одиграле значани настани од постоењето на Кавадарци
 

 

Уште во 1664 година Кавадарци имал седумдесетина занаетчиски и трговски дуќани, два трговски анови и организиран градски живот.Сите биле стационирани на - или во близина на самиот денешен Плоштад. Првиот запис за кавадаречката чаршија го направил патописецот Евлија Челебија. Кавадарци како населено место се споменува во 1519 година како мала рурална населба во составот на Ќустендилскиот санџак.
muzejot-na-kavadarci-so-finansiska-poddrshka-za-deset-proekti-221645.jpg
 
 
Во чаршијата се вршел целокупниот јавен живот, тука биле концентрирани најголемиот дел од занаетчиските и трговските дуќани во градот. Во чаршијата на едно поголемо багремово дрво имало закачено ѕвонец, со чие што ѕвонење со изгревот на сонцето се отворала чаршијата, а со негово повторно чукање со залезот на сонцето, чаршијата се затворала раскажува Петре Камчевски директор на кавадаречкиот Музеј.
 
15.jpg
Чаршијата и Плоштадот во Кавадарци била огледало на градот, тука се случувале најважните настани од градското живеење. Значаен белег на кавадаречката чаршија било корзото кое долга низа години било една од кавадаречките атракции. На корзото во попладневните часови шетале младите и возрасните, посебно машките, посебно женските, вели тој.
Од занаетчиите во чаршијата имало најмногу шивачи, столари, чевлари и опинчари, бербери, казанџии и калајџии, ортомари, мутавџии, колари, бочвари, налбати, клинчари, самарџии, сарачи, слаткари, бозаџии, содаџии, фурнаџии, леблебиџии, лимари, месари и други.
 
14.jpg
Во 1908 година за време на Младотурската револуција во чаршијата бил прославен Уриетот, односно победата на младотурците над последниот турски султан Абдул Хамид. Во 1913 година во чаршијата била прославена победата по Тиквешкото востание, кога на општинската зграда било поставено револуционерното знаме на востаниците.
Во 1920 година на Плоштадот-во чаршијата била прославена победата на комунистите на општинските избори, кога била воспоставена народна власт, а Кавадарци било познато како “Црвено Кавадарци“.
 
centar002.jpg
На 7 Септември 1944 година Кавадарци е ослободен од бугарска окупација од страна на борците на 9 македонска бригада, по што во чаршијата била организирана општонародна веселба, на која присуствувало скоро целото население од градот.
Почнувајќи од 1964 година во Кавадарци се одржува Тиквешкиот гроздобер, стопанска, културна и туристичка манифестација, која се одржува на градскиот плоштад и по која Кавадарци е познат во целиот регион.
 
03-kavadarci-old-postcard.jpg
Со воспоставувањето на повеќепартискиот систем во 1991 година, сите поголеми политички партии своите програми за локалните, парламентарните и претседателски избори ги претставуваат на градскиот плоштад или чаршијата.
 
01-kavadarci-old.jpg
Во текот на својата историја плоштадот во Кавадарци доживеал неколку поголеми реконструкции. Првата е во 1954 година, следувале тие во 1963 и 1971 година, а последната е во 2010-2011 година, со цел, како што вели Камчевски, на граѓаните да им се овозможи плоштадот да го доживеат како најпрепознатлив белег на градот, суштествена потреба и нераскинлив дел од нивниот живот.
 
20140905-2ac31c86ab195bc9ba792ff8d7fd1a55.jpg
 
Чаршијата ќе биде во центарот на вниманието и на најновата изложба на фотографии која со поддршка на општината ја подготвува музеј галеријата од Кавадарци. Автори на изложбата се Петре Камчевски и Димитар Мурџев.

ДЕФИЦИТАРНИТЕ ЗАНИМАЊА ПРЕДИЗВИК ЗА МАТУРАНТИТЕ-НО И СИГУРНА ИДНИНА

Агенцијата за празници и манифестации на Општина Кавадарци,ја објави програмата за годинашниот Тиквешки гроздобер 2016

 
Не само со материјални средства и пари кавадарчани и лично, со свој директен ангажман, изминатите неколку дена се вклучија во помошта за жителите од скопските села кои беа погодени од големата поплава.

НАНОСОТ ГО ИЗНЕСУВА ЈП„КОМУНАЛЕЦ“

 МЕРМЕРНАTA  АНТИЧКА ПЛОЧА E ПРОНАЈДЕНА КАЈ СЕЛО РАЕЦ .

 

По успешното издание на Тиквешката винска регата, во недела, 21 август, во организација на здружението „Винотек“, на Тиквешкото езеро ќе се оддржи веќе традиционалното трето издание на езерската винска регата.

ПОЛИЦИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА

 

 

Само преку царинската испостава Кавадарци-извезени околу 4 милиони килограми грозје и праски .

MАТУРАНТИТЕ ОД КАВАДАРЦИ ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕРАТ ДЕФИЦИТАРНИТЕ ПРОФЕСИИ ЗА ПОЛЕСНО  ДА СЕ ВРАБОТАТ

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА