По повод 130- годишната традиција во производство на вино, винарската визба „Тиквеш“ го отвори првиот дигитален музеј посветен на уметноста на создавање врвно вино во Македонија

Винскиот карневал- годинава имаше  само 15 поставки.

Во Општина Кавадарци во учебната 2015/2016 се запишале помал број на првооделенци споредено со лани.Бројките тоа го потврдуваат.Годинава се запишале 335 а лани 392 нови ученици. И во средните училишта се запишуваат помалку ученици ако се направи споредба со минатата година. Годинава за прв пат започна со работа нова паралелка .Запишани се 380 ученици или 10 помалку од лани кога се запишале 390 ученици во прва година.Учениците ке посетув аат спортска паралелка која ке работи во Средното Општинско училиште,,Ѓорче Петров,,.Уписот е завршен за 20-сетина ученици кои ке изучуваат кошарка. Градоначалникот Панов на првиот ден од новата учебна година на сите ученици кои учат основно и средно образование но и на останатите помалади и повозрасни наши граѓани кои започнуваат нова година во која стекнуваат нови знаења и се воспитуваат им посака пријатен престој, здравје,и успешна учебна година. -Инаку Општина Кавадарци се е подготвено за отпочнување на учебната година,направена е инспекција за состојбата со училиштата,и констатирано е дека сите образовни институции се во топ форма за извршување на настава , вели Панов на денот на стартот на учебната година , нагласи Панов. м.д.

Кристијан Ивановски и Елена Радулова вински крал и  кралица

Младинската Асоцијација Креактив, заедно со бизнис секторот од Кавадарци, организира меѓународна трка „Кавадарци трки 2015 - Born to Run", на која освен натпреварувачи од Кавадарци и регионот учество ќе земат и натпреварувачи од Белгија, Англија, Велс, Естонија, САД... Според пропозициите, кандидатите ќе можат да се пријават за учество на една од четирите патеки, и тоа на 1, 3, 5 и 10 километри, од кои во трката на 1 километар може да учествуаат само деца до 10 годишна возраст, а партиципацијата ќе изнесува 250 денари за трката на 10 километри, 150 за на 5 километри, 100 за на 3 и 50 денари за трката на 1 километар. Предвидено е трката да се оддржи на 13 септември, недела, со почеток од 17 часот и 30 минути, а патеките ќе бидат поставени на потегот Витачот - Градски плоштад Кавадарци. Превозот од Кавадарци, до стартот на трката ќе биде обезбеден од организаторите, а доколку сеуште не се чуствувате подготвени за трчање, можете да им се придружите на волонтерите кои ќе го организираат настанот.

 ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР ГОДИНАВА СОДРЖИ ПОВЕКЕ  НАСТАНИ.ВИНСКИОТ КАРНЕВАЛ Е ВО САБОТА НАВЕЧЕР

Изгоре дел од ладилникот во кавадаречкото село Сопот полн со грозје, пожарникари 5 часа работеа на терен за да го стават огинот под контрола, потврдуваат вечерва од кавадаречката територијална противпожарна единица. -Попладнево пламени јазици зафатиле ладилник во селото. Се утврдуваат причините за пожарот како и настанатите штети, рекоа од Службата. Од кавадаречката единица на лице место биле две противпожарни возила со 7 пожарникари. Ним на помош им дошле двајца пожарникари и едно возило од Фени индустри, едно возило со еден пожарникар од Неготино и цистерна со вода и работник од комуналното претпријатие од Кавадарци

НАЈВИСОКАТА  НАГРАДА „7-ми  СЕПТЕМВРИ “  ЗА  КОМПАНИЈАТА ИНЕЛ –ИНТЕРНАЦИОНАЛ  И Проф. Др. КИРИЛ ТЕМКОВ

 

13 денари за килограм Вранец (19 шеќерни единици)
11 денари за килограм Смедеревка(17 шеќерни единици)

Лозарите бараат 15 денари за “вранец” и 13 за килограм “смедеревка”, а винарите даваат 12 и 10 денари 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА