Утре со почеток во 10:00 часот започнува турнирот во мал фудбал.Месната заедница му посакува спортска среќа на сите екипи кои учествуваат. За пехарот  годнава ке се борат 4 екипи.Лани , да потсетиме, победи екипата ан Клими.мк

Организарторот годинава ке одржи промоција на книгата ,,Горна Бошава низ времето" од авторите Дарко Најдов и Јован Петков. Книгата е пишувана со цел да се познава традицијата н селото корените на сите поранени и сегашнижители.Промоцијат ке се одржи во 12 часот.

Во 13 е предвидена посета на црквата „Свети Илија„ а од 17 до 24 часот сред село ке настапи групата „Тиквешки Мелос„ која ке приреди општонародна веселба.

Инаку бошавци као добри домаќини и годинава ке ги угостат сите посетители , кој случајно или намерно ке се најдат во село Горна Бошава на 2 август.Илинден е селска слава  во Горна Бошава 

На прес конференцијата на ОО на СДСМ, портпаролот  на партијата во Кавадарци Сашко Петров, говореше за покачувањето на платите, почнувајќи од јунската, во Детските градинки за околу 3.000 денари, или 16 %.

Во Кавадарци синоќа беше отворена  третата изложба во Кавадарци од стрип школото кое се одржа во Велес.
За тие што неможеа да ги видат стриповите изложбата ќе биде отворена во младинскиот клуб кај првиот триаголник .
 Креативноста на младите беше поттикната од професоналците од Велес ,а кавадаречкиот СПМПД уште еднаш покажа дека дава поддршка на младите кои ќе одберат било каква идејна и креативна активност која ги исполнува.Изложбата на стрипови е направени од млади од Кавадарци , Куманово и Велес во склоп на СТРИП УЧИЛИШТЕ-СТРИПОТ ВО ИНТЕРЕТНИЧКА КУЛТУРНА МИСИЈА

 Изјави на:-Ване Трајков-Извршен директор на  Стрип центар -Велес

                  -Нанчев Ѓорѓи- СПМПД Кавадарци

 

ЛЕОНАРД КУЗЕВ   ОД КАВАДАРЦИ СО ПЛАНИНАРСКОТО ДРУШТВО I love Hiking Macedonia  во наредните денови од месец август  планира да се искачи на највисокиот врв во ЕВРОПА, МОН БЛАН.

На барање на жителите од улицата „Владимир Назор“ Општина Кавадарци реализира проект за изградба на потпорен ѕид, формирање на пристапен дел од улицата, како и изградба на решетка за зафаќање на атмосферските води.

Со реализацијата на овој комунален проект жителите на овој дел од населбата „Голи оток“ ќе добиjат стабилизирано земјиште, нов урбанизиран пристап, и пред се заштита од евентуални поплави кои во минатото им нанесувале сериозни оштетувања и проблеми.

На седницата се расправше по 15 точки на дневиот ред.Сите беа усвоени.Исто така советниците по координациата, беа едногласни во заклучокот , на предлог за точка на ова седница на советникот Зоран Јованчев , да се формира Комисија со која ке координира градоначалникот Митко Јанчев  кој со координаторите на  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , ке контактира  со Владините инстиутуции и Винариите и Здруженијата на лозари, со цел да се добијат благовремени информации за цените и количината  и за   начинот на откуп на грозје  ова сезона.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот на ново пробиениот на крак на улицата „Дисанска“ во населбата „Парк“.
Станува збор за сосема нова делница со површина од 250 квадратни метри, како продолжение на постојна споредна улица. Во вторатa фазa Општината како дел од програмата за одржување и реконструкција на подземната инфраструктура на овој крак од улицата изврши реконструкција na постојната канализациона и водоводна мрежа, како и пробивање и поставување на нова водоводна и канализациона линија. Во завршна фаза на проектот на улицата, ќе се постават рабници и бехатон плочки.

Објектот на Подрачното основно училиште „Димката Ангелов-Габерот“ во селото Сопот доби нов покрив. Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци инвестираше 1.135.000 денари за обнова на кровната конструкција. Покрај замената на старатa ќерамида, обнова на сачак и олуците, се постави камена волна на таванот за топлотна и звучна изолација. Изведувач на работите беше фирмата „Евроградба инженеринг“ ДООЕЛ с.Владиевци Василево.Со реализацијата на овој проект општината во целост ги подобри условите за работа, учење и престој на учениците во ова училиште.

Вработени од Подрачното Одделение на Дирекцијата за Заштита и Спасување Кавадарци, вработени Противпожарната станица на Општина Кавадарци и претставници на Национални Шуми Подрачна Единица “БОР“, Кавадарци денес во дворот на Противпожарната единица одржаа работна средба на која се запознаа со карактеристиките и можностите на новото возило Volkswagen Amarok со пумпа за гасење на пожар.

Вчера (на  29.07.2019 година) вработени во Подрачното Одделение за Заштита и Спасување Кавадарци во соработка со Гранична Полиција “ЈУГ“ , самостоен Испектор по превенција Стојанчо Ѓорѓиев , спроведе акција за информирање на месното населени во ридскопланинските села во општина Кавадарци со отпочнување на кампањата „За намалување на Заканите од пожари“ која ќе се спроведува од 15 Јуни до 15 Август на територијата на цела држава.

Акцијата опфати посета на населените места:  с.Бојанчиште, с.Куманичево,с.Конопиште, с.Горна Бошава ,с.Долна Бошава,с.Крњево и с.Страгово.

Целта на кампањата е едукација на месното население со начини на превентивно делување се со цел намалување на Заканите од шумски пожари.

Активноста на Подрачното Одделение за Заштита и Спасување Кавадарци во соработка со Гранична Полиција “ЈУГ“ опфати делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и лепење на брендирани постери на видни места во ридскопланинските села во општина Кавадарци.

67363032_1493664037439130_6415278717437739008_n.jpg67802288_1128777670657292_8159968525553762304_n.jpg67686705_815143432213762_5266638028209651712_n.jpg67298580_856228118109590_9172759167281135616_n.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА